Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дамњановиќ: Мец изненади, но најважно е што победивме

0
By Нова ТВ on February 5, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарките на Вардар почнаа спротивно одошто помислуваа и имаа завршница каква што воопшто не посакуваа во мечот со Мец. Во меѓувреме, во неколку наврати од вториот водеа со пет гола разлика, еднаш и со шест, но драма на крајот не избегнаа. Наместо рутинско приведување на мечот кон крај, се доведоа во ситуација да потпишат пакт со стативата во нападот за реми на Французинките и Радичевиќ да стави печат на двата бода.

„Не одигравме добро. Натпреварот беше тежок. Нè изненадија со нивната одбрана 3-2-1 на што не бевме подготвени. Нѝ зададе доста проблеми. Најважно, сепак, е дека победивме“, истакна Давид Дејвис на прес-конференцијата по седмата победа на вардарки во ракометната Лига на шампиони.

Мец се прикажа во добро издание во Скопје, констатација што ја сподели и Сања Дамњановиќ, најефикасната „црвено-црна“ девојка со пет погодоци во рекордната седма клупска победа во серија во натпреварувањето.

„Доста се истрошивме во Подгорица. По мечот со Будуќност бевме свесни дека ќе биде тешко со Мец. Се случи и пад во играта, а противникот нè изненади. Прво со агресивната игра, потоа со поставеноста 3-2-1 во одбрана, со трчањето во текот на сите 60 минути. Ретко која екипа може да одигра како француската. Сепак сум пресреќна со двата освоени бода и се надевам дека ќе донесеме два и од Германија“, рече Дамњановиќ.

Давид Дејвис ЖРК Вардар Лига на шампиони Мец ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.