Корисниците на делови од булеварите „12-та Македонска Бригада“ и „Србија“ денеска ќе бидат без вода, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-180 мм. на булевар „12-та Македонска Бригада“ 22а.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.