По последните случувања во Државната изборна комисија, средбата меѓу амбасадорот на САД, Џес Бејли и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски како и честите изјави на претставниците на ЕУ и САД како гарантори на Договорот од Пржино, членови на ВМРО-ДПМНЕ на протестите пред ДИК се појавија со платно на кое пишува „Бејли, тргни ги рацете од Македонија“.
Воедно, пред ДИК, поддржувачите на партијата на Груевски имаат пораки и до Сорос, но и покрај тоа што бараат од Бејли „да ги тргне рацете од Македонија“, сепак имаат порака до новоизбраниот претседател на Америка, „Доналд Трамп, ние те сакаме“.
извор: А1он
извор: A1oн