Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десет години од смртта на Ким Џонг-ил: С. Кореја забрани алкохол, плачење и смеење

0
By Sashko on December 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 20:47

Северна Кореја утре ќе почне да одбележува десет години од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил, а во периодот на жалост што трае 11 дена граѓаните ќе се соочат со многу забрани.

Радио Слободна Азија (РФА) известува дека Севернокорејците мора да се воздржуваат од алкохол, шопинг, па дури и смеа во овој период.

Ким Џонг-ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.

Иако севернокорејската влада одржува десетдневна жалост, оваа година тој период е продолжен на уште 24 часа за да се одбележи десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер.

Алкохоличарите беа третирани како идеолошки криминалци, се носат и никогаш повеќе не се видени, вели жител на градот Синуи кој во интервју додава дека „во периодот на жалост не е дозволено пиење на алкохол, смеење или занимавање со слободни активности“.

Тој појасни дека многу активности се забранети, особено на денот на годишнината, кога е забрането и купување на намирници.

Во минатото, многу луѓе фатени пијани за време на периодот на жалост беа апсени и третирани како идеолошки криминалци. Тие беа однесени и никогаш повеќе не се видени. Луѓето не смеат да слават родендени, не смеат да плачат ако некој почине за време на жалост. Дури и ако некој од семејството почине во период на тага, не смеете да плачете. Луѓето не можат да слават ни родендени ако тоа е период на жалост, истакна тој.

Друг извор, жител на западната провинција Јужен Хвангае, откри дека полицијата била однапред предупредена да внимава на луѓето кои се чини дека не тагуваат.

„Тие ќе имаат посебна должност да се справуваат со оние кои го нарушуваат расположението на колективната тага. Тоа е посебна должност на полицијата која трае еден месец. Слушнав дека полицајците воопшто не можат да спијат“, рече тој. 

алкохол годишнина жалост забрани Ким Јонг-ун Ким Џонг-ил Плачење Свет Северна Кореја Смеење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.