Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деталите од средбата во Виена останаа тајна, следна шанса е Солун

2
By Нова ТВ on April 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција следната средба ќе ја имаат во Солун на 3 и 4 мај, а една седмица потоа и во Сунио.

По вчерашната  заедничка средба со Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена, медијаторот Метју Нимиц не откри повеќе детали, и само кусо истакна дека имале интензивна дискусија во која двете страни покажале меѓусебна почит.

– Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели, изјави Нимиц по средбата што се одржа во канцеларијата на ОН во Виена.

Министрите Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите.

Грчки медиуми: Кои се проблематичните точки

Грчките медиуми уште пред средбата во Виена ги лоцираа проблематичните точки -грчкото барање за ерга омнес, односно име за севкупна употреба и уставна ревизија.

– Господата Коѕијас, Димитров и Нимиц ќе ги разгледаат сите прашања што се веќе договорени на досегашните одржани преговори и ќе ги одвојат темите „трнови“ што уште ги држат далеку Атина и Скопје. Како основен „трн“ се појавува опсегот на употреба на новото име, бидејќи Атина инсистира на име за севкупна употреба и за сите, додека пак ПЈРМ преферира „двојно име“, односно име за меѓународна употреба и задржување на уставното име за употреба во внатрешноста, објави грчкото радио „Атина 984“, пренесе МИА.

– Сите чекори што требаше да ги направиме, ги направивме, рекол владин претставник за грчкиот информативен портал „Iefimerida“ и додал дека другата страна, односно Македонија, треба да ги направи останатите чекори.

Според порталот, грчката влада тврди дека не постојат временски ограничувања, а преговорите продолжуваат.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ коментира дека „не е мал бројот на оние од Западот“ што ја притискаат Грција и повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека е постигнат договор за техничките прашања.

– Но, во суштина, се чини дека Скопје се појавува побескомпромисно во преговорите. За многумина, оваа разврска покажува дека во позадина, пријателите и партнерите на Грција во НАТО и ЕУ веројатно немаат намера да извршат притисоци кон Скопје за отстапки, туку ја притискаат грчката страна кон отстапка од „црвената линија“ за сложено име за севкупна употреба (ерга омнес) и од барањето на Грција да се отстранат сите иредентистички наводи од Уставот на Скопје, пишува „Прото тема“.

Средба Косијас- Столтенберг

Шефот на грчката дипломатија денеска ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што јавуваат грчките медиуми, Столтенберг и Коѕијас ќе разговараат за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, за грчко-турските односи и за случајот со двајцата грчки војници што се наоѓаат во турски затвор.

Коѕијас, во интервју за грчкото радио 247, неодамна рече дека на следниот НАТО самит во јули, Македонија не може да стане членка на Алијансата, бидејќи е краток временскиот рок.

Тој додаде дека дури и да се постигне договор, нема доволно време за да се заврши целата процедура.

Виена Димитров Коѕијас Нимиц преговори средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.