Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детските играчки се најчесто пријавувани како опасен производ на ЕУ пазарите

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ВЕСТИ
Фото: productliabilityandmasstorts.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) денеска го презентира извештајот за заштита на безбедноста на потрошувачите и производите на внатрешниот европски пазар додека земјите на Европската Унија (ЕУ) генерално бележат напредок во надзорот и реактивноста. Според податоци од земјите членки на ЕУ, националните власти од година во година преземаат сè повеќе и поефикасни мерки за справување со лажни и небезбедни производи кои влегле на пазарот, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на претпладневната прес-конференција. 

Европската комисија воспостави служба за брза реакција која работи 24/7 и прима пријави за производи кои не се во согласност со пазарните стандарди на Европската унија. Лани биле пријавени 4.477 производи, а претходната година – 4.050. Освен земјите членки на ЕУ, во овој систем учествуваат уште Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Во споредба со 2015 година, стапката на пријавени опасни производи е зголемена за 63 отсто. Играчките за деца се најчесто пријавувани како опасни предмети, потоа моторните возила и електричните направи и опреми на трето место. Козметичките производи и модните парчиња се, исто така, високо на списокот, предупредува Комисијата.

Производите најчесто се пријавени затоа што предизвикале физичка повреда како скршеница, но пријавувани се и предмети поради нивните хемиски состојки, како и ризикот од гушење кај деца. Властите најчесто реагирале со отстранување или уништување на производите.

Извештајот се однесува на 2019 година, но Европската Комисија информира дека од почетокот на оваа година пријавени се веќе бројни предмети поврзани за Ковид-19 како маски, дезинфекциски производи и слично, а властите веќе реагирале и за овие случаи кои ќе бидат дел од извештајот идната година.

„Како што видовме од извештајот за 2019 година, рекордно ниво на работа се врши за да се заштитат потрошувачите од опасни производи“, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Детски играчки Европска комисија Европска унија Извештај опасност Пазар Потрошувачи производи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.