Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери го обвини Ѓорчев за ширење етничка нетрпеливост

0
By Нова ТВ on September 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 26, 2016 12:43

 Пратеникот од редовите на ДУИ Талат Џафери реагира на говорот на претседателот на комисијата за политички системи Владимир Ѓорчев, кој во петокот  на седница зборуваше дека вмровската компонента е од 800 000 гласови во Македонија и не се губи, како и тоа дека СДСМ , ДУИ и ДПА коалицираат со Специјалното обвинителство за да се испорача двојазичност.

Ѓорчев рече дека не може да прифати тоа што косовскиот пратеник  Албин Курти учествувал во Шарената Револуција во Македонија и дека важно е за стабилноста и иднината на македонската држава ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници.

Иако на дневен ред и денеска е Извештајот на Катица Јанева, Џафери процедурално реагира дека Ѓорчев навредува на етничка и религиозна основа.

-Вашите искажани ставови не соодвествуваат со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Навредивте на колективна основа, најпрвин Албанците во Македонија, вклучивте и други држави, вклучивте пратеници од Собранието на Република Косово, заклучувате нешто што не држи. Вашите ставови се во судир со Кривичниот Законик бидејќи вашите лични ставови имаат поттикнувачки елементи со етничка и религиозна основа, нешто што не смеете да го правите. Си зедовте за право на пратеничката Нора Алити да не и дадете право да интервенира за вашите ставови. Ова не се дозволува на ниту еден пратеник, а најмалку на претседателот на Комисијата. Минимумот што треба да го направите е денеска да се извините, рече Џафери.

Во реплика пратеникот од ДПА Имер Алиу обвини дека не само говорот на Ѓорчев, туку целокупната ситуација е многу тешка поради политиките кои ги застапуваат коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

-Вие претставувате едно мнозинство и треба да се извините за политиката што ја водите кон Албанците секој ден и дискриминацијата што ја правите секој ден. Овие денови ние сфативме дека ова што сте го направиле со македонизација, сега и судскиот систем го партизирате. Слушаме едно обвинителство за една партија, друго обвинителство на друга партија, за жал е до каде е дојден правниот систем. За жал, штета трпат Албанците. Ситуацијата е многу тешка но заради политиките што ги претставувате заедно со ДУИ, за ова треба да се извините, рече Алиу.

Ѓорчев посочи дека нема дилеми за добрососедските односи со Косово, но посочи дека пратеникот Курти не делувал конструктивно и не може да се согласи што истиот пратеник учествувал во „вандализирање на институциите во Македонија“.

-Слободно напаѓајте, рече Ѓорчев.

Пратеникот Петре Шилегв од СДСМ реагираше на политикантските говори и лошото водење на седницата од страна на Ѓорчев.

-Директно сте виновен за лакрдијата што се случува на оваа седница. Јас ви ги разбира мотивите можеби и вашиот личен порив за начинот на кој ја водите Комисијата. Ближат избори, најверојатно се борите за место на листата, затоа што очигледно е дека надвор од политиката тешко за леб и дека ќе заработите. Јас не сум во овие клупи за да ги слушам вашите беседи и говори, особено од местото од каде што се преседава. На тоа место каде што седите може да водите седница, а не политикантски говори. Врвот беше во петокот кога побаравте процедурално сам на себе, рече Шилегов.

Седницата е во тек. Присутни во Собранието се специјалната обвинителка Катица Јанева, како и државниот обвинител Марко Зврлевски. Извештајот на Јанева е на дневен ред четири дена.

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ утрово на коодинација го утврдиле бројот на дискутанти, времето на дискусии и бројот на репликанти со цел да се воведе ред на собраниската седница. Сепак, во моментов СДСМ реагира дека иако два часа се водела координација, Ѓорчев не умее да ја води седницата.

ВМРО-ДПМНЕ ДИ ДПА Зврлевски СДСМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.