Познатиот актер Арнолд Шварценегер доживеа сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, а веста во странските медиуми ја потврди и неговиот тим, но и полицијата.

Во судирот на четири возила, полесно е повредено едно лице. На фотографиите од местото на настанот што се споделуваат на социјалните мрежи, се гледа превртен џип на кров на најмалку два автомобила на раскрсница во Брентвуд и Шварценегер кој стои во близина.

Полицијата направи увид и соопшти дека никој не е уапсен и исклучи присуство на алкохол и дрога кај учесниците во сообраќајката.