Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и официјално стана кандидат на Демократите за претседателските избори во ноември. Тој изјави дека е „почестен да се натпреварува со една од најталентираните групи на кандидати“ и оти Демократите „одат на избори како единствена партија“.
Иако тој победи на внатрепартиските избори уште во април кога сенаторот Берни Сандерс се повлече од трката, Бајден дури сега собра доволен број делегати. Ривал на Бајден ќе биде актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите на кои сигурно ќе доминираат теми околу пандемијата на коронавирусот, рецесијата и граѓанските протести во САД.