Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК го заклучи избирачкиот список: Право на глас имаат 1.814.263 милион граѓани

0
By Нова ТВ on July 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 1, 2020 15:15

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список (ИС) за предвремените парламентарни избори. Право на глас на 15 јули ќе имаат 1.814.263 милион граѓани. Во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.729.189 лица, а како лица кои се иселиле или работат во странство во посебниот избирачки извод се запишани 83.054 граѓани. Во посебниот избирачки список, пак, за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старечките домови 357 додека шест сè уште се водат како внатрешно раселени лица.

„По спроведените промени кои произлегоа од претходните дејствија и обработка на податоците добиени од страна на институциите, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список со следнава состојба: вкупен број на гласачи запишани во ИС се 1.814.263 милион граѓани. Од нив во изводите од ИС се запишани 1.729.189. Во посебниот извод на избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се наоѓаат на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се наоѓаат во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старечките домови се запишани 357 лица, а шест сè уште се водат како внатрешно раселени лица“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Членот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека Комисијата успеала четири дена порано, пред законскиот рок, да ги заврши сите дејствија поврзани со Избирачкиот список, односно обработка и целосно ажурирање на ИС за овие избори, заедно со Државниот завод за статистика.

„Покажавме како ДИК и се потврди согласно законот дека може за неполни осум – девет дена да се завршат сите овие дејстија во врска со доажурирањето на ИС, а не за многу повеќе денови како што се споменуваше во јавноста, како 45 – 50, итн. Со ова појаснувам дека согласно Уредбата од Владата од 21 март, нашиот заклучок од 22 март, решението на претседателот на Собранието, сите изборни дејствија што беа спроведени пред прекинот поради Ковидот кризата на 21 март беа важечки односно ние продолживме како ДИК да ги спроведуваме сите преостанати дејствија“, изјави Кондарко.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека од 15 јуни до 1 јули има 16 дена, а не осум или девет дена и тоа поради што се затворени одредени дејствија кои дефинирани во нормална постапка би требало да се спроведат Увидот во избирачкиот список што за жал не се спроведе.

„По мое мислење требаше да се спроведе“, рече Деркоски.

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, сите лица кои од февруари побарале промена на лична карта или патна исправа, а ги подигнале личните документи заклучно со стапувањето на сила на последната Уредба на 15 јуни, како и нашите државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на избори ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош.

Јанакие Витановски, член на ДИК истакна дека на денот на гласање ќе има 1.814.263 полнолетни граѓани кои своето право на глас ќе можат да го остварат со лична карта или со пасош. Во однос на изборните единици, просечниот број на запишани гласачи е 302.377 граѓани. Најмногу гласачи има во Куманово – 93.603, Битола – 81.607, скопски Аеродром – 66.525, Бутел – 33.278, итн. Општини, пак, со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2.724, а најмала е Лозово со 1.997 гласачи.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други.

ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик, но овој дел од седницата беше затворен за јавноста.

Борис Кондарко гласачи Дик Избирачки список Избори 2020 Изборни единици Оливер Дерковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.