Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК со предупредување: Не почнувајте предвреме со изборна кампања

0
By Нова ТВ on March 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По потврдување на регуларноста на апликациите на тројцата кандидати и по утврдување на редоследот на гласачкото ливче, за помалку од десет дена, поточно на 1 април, официјално ќе стартува изборната кампања за претседател на државава.

Претседателските кандидати, кои во изминатите седмици редовно известуваа за своите активности низ земјава, со што неофицијално веќе ја почнаа кампањата, вчера добија предупредување од ДИК да не ја почнуваат предвреме кампањата.

Членот на ДИК, Борис Кондарко на 27-та седница на Комисијата, упати апел до кандидатите да се придржуваат кон членот 69-а од Изборниот законик, во кој е детално дефинирано што се подразбира под кампања од која тие треба да се воздржуваат до нејзиниот официјален почеток, на 1 април.

„За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“, го цитираше Кондарко членот 69-а.

Посочи дека секој со сопствен пример може да даде придонес за успешни избори, но и сликата за изборниот процес да биде позитивна.

„Севкупната слика за изборниот процес и за нашата држава зависи од тоа како ќе се спроведат овие избори. Затоа ги повикуваме сите, но пред се кандидатите за претседател во овој период пред почетокот на кампањата, но и за време на кампањата, строго да се придржуваат, да бидат одговорни и сериозно да се однесуваат кон сите пропишани правила во Изборниот законик што се однесуваат на предвремено почнување на кампањата“, рече Кондарко.

Повика и побара коректна, чиста и позитивна европска кампања, бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на сите, пред се на кандидатите, на нивниот интегритет, во интерес на политичките партии, во интерес на ДИК, и во интерес на целата држава.

„Нема потреба поради определени непромислени постапки и изјави ние како ДИК да се ставаме во улога на судија и да одлучуваме по некакви приговори“, подвлече Кондарко.

Во ДИК вчера со ждрепка за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче. Кандидатот на албанската опозиција за претстојните претседателски избори Блерим Река ќе биде прв на избирачкото ливче, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова, а трет е кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Во вториот круг нема да се прави нова ждрепка, а кандидатите кои ќе влезат во вториот круг ќе го задржат редниот број од првиот круг.

Претставници на претседателските кандидати, кои ги влечеа бројчињата, изјавија дека очекуваат фер, демократска и пред се кампања во духот на европските вредности.

Дарко Каевски, претставник на СДСМ и на коалицијата за кандидатот Стево Пендаровски, по утврдувањето на редоследот на претседателските кандидати, изјави дека кампањата што ќе ја водат ќе биде европска и оти од денеска до 1 април, кога е официјалниот почеток, ќе се воздржуваат од кампања и од јавни настапи и ќе ги почитуваат сите законски прописи.

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, претставник на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова, рече дека веќе прекинале со сите активности што не смеат да бидат емитувани и реализирани, како на терен, така и медиумски. Посочи дека ќе се залагаат за европска, фер и демократска кампања и ќе ги следат сите норми и начела што се припишани од страна на Изборната комисија. Истото, како што рече, го очекуваат и од власта.

Рамадан Реџепи, портпарол на кандидатот Блерим Река, рече оти се надеваат на фер и пред се мирни и европски избори и оти ќе се придржуваат кон тоа да ја почнат кампањата на 1 април.

ДИК во четвртокот официјално ја потврди регуларноста на кандидатурите на тројцата претседателски кандидати.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски апелираше до сите учесници во кампањата изборите да поминат во фер и коректна атмосфера, да претставуваат вистински политички натпревар на идеи, со цел да се добијат кристално чисти избори што ќе значат еден плус повеќе за развој на демократскиот капацитет на државата.

Кампањата за претседател на државата почнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан на 21 април, а вториот на 5 мај.

Блерим Река Гордана Силјановска-Давкова Дик избори кампања претседател Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.