Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК вчера не испратила мислење до претседателот Стево Пендаровски

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 15, 2020 12:03

Иако најави, Државната изборна комисија (ДИК) во текот на вчерашниот ден, сепак, не доставила мислење до претседателот на државата Стево Пендаровски, во врска со временската рамка потребна за спроведување на изборните дејства, потврдија за „Дојче веле“ извори од Комисијата. Претседателот завчера имаше средба со членовите на ДИК, токму со цел од Комисијата да се добијат дополнителни информации, кои на партиските лидери треба да им помогнат во одредувањето нов датум за избори.

„Денсеска (15.5. -н.з) повторно ќе имаме консултации околу текстот на одговорот и се надеваме дека ќе го испратиме до претседателот“, велат од Комисијата.

Оттаму се воздржани околу причините за неиспраќањето на мислењето, но според ставовите може да се заклучи дека проблемот е во усогласување на ставовите за временската рамка за ажурирање на Избирачкиот список, увидот во него и кој е надлежен тоа да го нормира. Бидејќи тоа дејство еднаш било завршено, а сега треба да се повтори, нашите соговорници сметаат дека Владата треба да најде правен механизам за тие изборни дејства да ги вгради во правна норма, а не од ДИК да лицитираат со бројката на потребни денови.

Во согласност со владината Уредба, претседателот на ДИК на 22 март го потпиша заклучокот за прекинување на изборните дејствија и за нивно продолжување по укинувањето на вонредната состојба. Уставниот суд вчера не поведе постапка за владината Уредба со која ДИК беше задолжена да ги запре сите предизборни активности. Тоа значи дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба утре, (16.5), доколку не биде прогласен нова, во рок од 22 дена треба да се одржат изборите.

Лажна загриженост

За вонредната состојба денеска во 13:30 часот ќе расправа Советот за безбедност, а на седницата покрај постојаните членови на Советот, ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку. Најавата на министерот за здравство за барање за продолжување на вонредната состојба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на ТВ „Телма“ ја оцени како политичка одлука.

„Јас во лекарот Филипче имам доверба. Но, ова е политичко барање. Зошто? – Затоа што не можете да зборувате за избори, а истовремено да барате продолжување на вонредната состојба. Тие две работи се контрадикторни (…) Одлуката да се продолжи вонредната состојба не е поради грижата на Филипче и Заев за здравјето на граѓаните и општата здравствена состојба, туку за изнаоѓање можност за уредби за поткуп. Тоа не е коректно прво кон здравствената фела, а потоа и кон граѓанитe“, рече Мицкоски.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ја обвини опозицијата за лажна загриженост.

„Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за здравствените работници. Сега дополнителната заменик министерка за финансии ги кочи средствата од Светска банка од 90 милиони евра, од кои треба да се исплатат наградите за здравствените работници и помош за социјално ранливи категории“, потенцираше Костадинов.

Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да создадат политичка криза, но дека нивната стратегија нема да успее.

„На почетокот Мицкоски се потсмеваше со здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата. Мицкоски ширеше лажни вести дека има само 100 тестови за корона, а потоа десетици илјади граѓани се тестираа. Мицкоски лажеше дека има 140.000 работници без работа, а вистината е дека се околу 8.000. Работеше против министерот Филипче и му поднесуваше кривични пријави“, потсетија од СДСМ и порачаа дека нема да дозволат тој да ја одолговлекува целосната функционалност на институциите.

Ако нема избори, да се врати политичката влада

Според извори од партискиот врв, социјалдемократите остануваат на ставот дека парламентарните избори треба да се одржат до крајот на јуни. Во случај да не се постигне договор меѓу партиските лидери за избори во тој период, од СДСМ велат дека тогаш изборите треба да се одржат во редовниот термин на крајот од ноември или во првата недела од декември, а во меѓувреме да се врати политичката влада. Овој став вчера го изнесе и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„За жал, се наоѓаме во една меѓуситуација. Распуштено е Собранието, распишани беа избори, но нè зафати епидемијата со коронавирусот. Сега имаме две опции. Или да одиме на избори ако дозволува епидемиолошката слика, или пак, да не одиме на избори и да ја вратиме на сила политичката Влада. Во моментов имаме Влада која никој не ја контролира“, рече Шилегов во гостување на ТВ „24“.

ВМРО-ДПМНЕ вонредна состојба Дик избори мислење СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.