Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК за поголемо учество на лицата со попреченост во изборниот процес

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Државната изборна комисија, потпишаа Меморандум за соработка.

„Во пресрет на локалните избори 2017, повторно направивме мало истражување, во соработка со ЦИВИЛ. Во рамки на нивните набљудувачи имавме свои набљудувачи на терен. Сите забелешки се однесуваа во однос на организирање и спроведување на изборите. Ќе се обидеме за следните избори сите препреки да бидат отстранети“, изјави Благица Димиторвска за цивилмедиа.мк.

Таа ја потенцираше потребата од регистар со број на лица со попреченост. Таа нагласи дека во североисточниот регион на Македонија, има околу 1.000 лица со попреченост, со кои здружението е во постојан контакт, но тоа не е реалната бројка, односно потребна е помош од институциите за да се добие јасна слика за колкава е бројката на овие граѓани.

-Денеска заемно се согласивме координирано да работиме во насока на остварување на конкретни цели, зголемување  на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес.“  изјави Добре Јанчев, генерален секретар на ДИК.

По потпишувањето на Меморандумот, „Инклузива“,  ќе продолжи со обука на Стручната служба на ДИК, преку која учесниците ќе се стекнат со вештини за испорачување на обуки за лица со попреченост.

По завршувањето на оваа активност, ќе следат регионални работилници за претставници од општинските изборни комисии, кои ќе се реализираат во текот на месеците април и мај оваа година.

Со реализацијата на овие активности се очекува ДИК да добие тим на обучувачи со специфични вештини за комуникација и испорачување обуки на лица со попреченост.

Ваквиот тим на обучувачи понатаму ќе работи на реализација на целите на Меморандумот за соработка.

Меморандумот е  направен во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти.

Дик Инклузива лица со попреченост меморандум регионални работилници соработка Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.