Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров и Коѕијас ја подготвија средбата на Заев и Ципрас во Софија

2
By Нова ТВ on May 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 12, 2018 20:55

Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Сунио, крај Атина ја отвори вратат за средба на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас на 17 мај во Софија, на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Медијаторот Метју Нимиц по шестчасовните разговори, без да открива детали, изјави дека тој би ја карактеризирал средбата како сериозна, на неколку пати тензична, на која била завршена многу позитивна работа.

Двајцата министри, како што рече, сега ќе ги брифираат премиерите во своите земји кои треба да се сретнат во Софија на 17 мај.

Нимиц вообичаено не одговараше ниту на новинарските прашања, на кои возврати со тоа дека средбата на Димитров и Коѕијас со негова медијација била подготовка на средбата во Софија.

Очекувања

Претходно, македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“, во однос на новата рунда разговори, изјави дека средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц ќе игра клучна улога во перспективата за решение во следниот период.

Ангелов, како што пренесе МИА, вели дека постои напредок во преговорите, кои на ниво на министри за надворешни работи се интензивирани во изминатиот период, но сепак остануваат основните разлики.

– Како што изјави и министерот Димитров, во изминатиот период беше забележан напредок во многу аспекти за едно веројатно решение. Сепак, остануваат основните разлики што се однесува на инсистирањето на Грција за промена на нашиот Устав и опсегот за користење на името. Сега влеговме во многу критична фаза за преговорите и средбата на двајцата министри, овој пат со присуство на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц, ќе одигра клучна улога во перспективата за решавање во следниот временски период, вели Ангелов за „Та неа“.

Грчките весници објавуваат наводни сценарија кои се на маса 

Грчкиот весник „Та Неоа“ во саботното издание објавува сценарио, кое според весникот има две карактеристики: постигнување договор сега и постепено комплетирање за две години.

– При првото читање, најважниот елемент на оваа верзија на договорот е појавувањето на намерата на соседите да го прифатат за севкупна употреба (ерга омнес) името што ќе се договори (преовладуваат имињата Горна Македонија, Нова Македонија), пишува весникот и коментира дека македонската страна го менува ставот за употреба на уставното име во внатрешноста на земјата.

Според информациите на весникот, договорот не може да биде сега и веднаш туку се дава време, најверојатно две години за имплементација на ерга омнес. Македонската страна сметала, пишува „Та неа“, дека овој временски период од две години е задоволителен за да се направат потребните уставни промени, дали со или без распишување на избори.

И според „Катимерини“ последниве денови меѓу Атина и Скопје се разговара за сценарио според кое, треба да и се даде доволно време на Македонија за да го одобри ерга омнес и да направи уставна ревизија.

– Врз база на ова сценарио, кога ПЈРМ ќе ги одобри овие две предвидени точки, особено важни за Атина, тогаш автоматски соседната земја ќе се приклучи во НАТО и ќе ги започне пристапните разговори со ЕУ (секако, доколку Брисел упати соодветна покана), пишува „Катимерини“.

Според „Катимерини“, за придвижување кон договор, за Грција неопходно е да се исполни условот за името да биде ерга омнес.

– Според Атина, не треба да постои никаков прозорец, па дури и во внатрешноста на ПЈРМ, во кој земјата изолирано ќе го користи терминот „Македонија“. Сѐ ќе треба да упатува на новото име, без разлика дали тоа ќе биде „Горна Македонија“ или некое друго, пишува весникот и додава дека ерга омнес води до промена на Уставот.

Ангелов Димитров Катимерини Коѕијас Нимиц преговори СУнио Та неа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.