Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Нема стабилна и успешна Европа без целосна интеграција на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on February 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 24, 2020 13:15

Од денешниот собир во Солун е упатена голема порака дека не може да се замисли цела, стабилна и успешна Европа без целосна интеграција на Западниот Балкан, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за медиумите на маргините на конференцијата „Од Солун до Загреб“.

„Една голема порака до остатокот на Европа – Европа цела, стабилна, успешна и во мир не може да се замисли без целосна интеграција на Западниот Балкан. Тоа е повик, согласно заклучоците од Европскиот совет во октомври, да се донесат одлуки за пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб“, изјави Димитров по завршувањето на сесијата на солунската средба насловена „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“.

Димитров нагласи дека денешната министерска конференција е многу симболична, бидејќи се одржува во Солун по 17 години од првиот Самит во овој град во 2003 година, кога Европа му вети на Балканот дека неговата иднина е заедно со неа во ЕУ.

„Симболично е што сме во истиот град на неколку месеци пред Самитот во мај во Загреб од кој имаме големи очекувања и ова на некој начин е некој мост и важна поддршка од соседите кои се дел од ЕУ – Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Хрватска и Италија“, додаде шефот на македонската дипломатија.

Дендиас: Западниот Балкан е инетегрален дел од Европа

Ние европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваме дека регионот е интегрален дел од Европа, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас на отворањето на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб“.

Говорејќи на сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, Дендиас нагласи дека Солун е избран за домаќин на Конференцијата затоа што тука во 2003 година е утврдена Солунската агенда, која ги регулираше односоите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

„Тука сме и затоа што Солун е крстосница на Истокот и Западот и го поврзува Западниот Балкан со три континети“, додаде Дендиас.

Според него, овој собир се одржува во време кога ЕУ се соочува со глобални предизвици и кога изгуби една своја земја членка, па затоа во овој критичен момент мора да ја задржи европската идеја. Тој потенцира дека политката на проширување важна за надминување на поделбите на континентот, додавајќи дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е во политички и економски интетес на ЕУ и ќе придонесе за зајакнување на единството на Унијата.

Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Притоа нагласи дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање на пазарот во Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.

ЕУ Западен Балкан конференција Никола Димитров Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.