Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Политиката на вето е инвестиција за правење непријателство

0
By Sashko on October 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Статус-кво позицијата во односите со Бугарија е исклучително лошо. Сегашната политика на вето, притисок и уцена создава негативен амбиент и претставува инвестиција во антагонизам и правење на непријателство, а не пријателство, смета вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека со Бугарија „повремено како да живееме во паралелни реалности“. Нагласи дека говор на омраза не постои од официјални претставници на нашата држава, а тоа што има луѓе кои на приватни социјални медиуми изразуваат револт е резултат на оваа ситуација.

Кога вие на вашиот комшија ќе му кажете дека сте резултат на етнички инженеринг или вашиот јазик не е јазик, се разбира дека ќе има револт. Договорот за пријателство во Преамбулата вели дека ќе ги развиваме односите врз основа на заемна почит и разбирање, рече Димитров, коментирајќи го одложувањето на датумот за почеток на пристапни преговори со ЕУ поради ветото на Бугарија, во контекст на новиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, како и новиот состанок на македонско-бугарската Комисија за образовни и историски прашања.

Лошо е за нас, рече, но и за самата Европска Унија (ЕУ) и за довербата во Унијата, а со тоа и влијанието во еден важен регион за Европа – Западниот Балкан. По сите досегашни искуства со неиспорачувањето на датум од ЕУ, според него, особено важно за нас е да бидеме, како што рече, целосно искрени и многу внимателни во однос на надежта, очекувањето, разочарувањето.

Ние ги исполнивме критериумите, подготвени сме, дури и поподготвени за членство од земјите кои се во пристапниот процес за дел од кластерите. Ние испорачавме, но ЕУ не испорача кон нас. Мислам дека е време да не ја критикуваме целата ЕУ, бидејќи има држави кои отворено и многу силно ни даваат поддршка. Имаме проблем со една земја, рече Димитров.

Решението во односите со соседна Бугарија го гледа во тоа „нашите битни точки во преговарачката рамка да останат на линија на португалскиот предлог.

Нашиот прогрес – пристапниот процес, успехот кон ЕУ и чекорите да зависат од тоа дали се бориме со корупцијата, дали медиумите ни се слободни и дали имаме цврста демократија дома, а не од успехот или неуспехот на Комисијата за историски и образовни прашања. Треба да бидеме попрецизни по прашањата, како говорот на омраза, да најдеме една дефиниција која можеби ќе ја применуваме во билатералните односи на двете страни, истакна вицепремиеерот.

На прашањето дали ќе поднесе оставка тој и Владата ако во декември не добиеме датум за почеток на преговори за ЕУ, одговори дека може да зборува само за себе и оти тоа ќе се случи ако процени дека би влијаело за доброто на државата и за каузата за НАТО и ЕУ.

„Ние не можеме да бидеме одговорни за нешто што го прави трета држава. Одговорни сме за тоа што го правиме ние. Во овој случај ние сме зрелата страна која нема направено грешки во односот, иако имаме големи искушенија да направиме грешки“, додаде Димитров.

Бугарија вето ЕУ Македонија Никола Димитров преговори спор членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.