Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Динамо Киев им подари радост на Бенфика и Наполи во Лисабон

0
By Нова ТВ on December 6, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наполи ја совлада Бенфика со 2:1 во меч што се најавиваше како директна пресметка за нокаут фазата во Лигата на шампиони, но наместо, на крајот, се радуваа двете екипи. За општата славеничка атмосфера на стадионот „Луж“ во Лисабон се погрижи Динамо Киев кој како домаќин го декласира Бешикташ со 6:0. Трите бода, освен за сопствено реноме и дополнителна сума на евра во клупската каса, не значеа ништо за Украинците кои претходно останаа без шанси и за Лига Европа. Турскиот клуб, пак, со триумф ќе се надеваше на прогрес меѓутоа доживеа тежок пораз, а мечот го заврши и со двајца фудбалери помалку на теренот (црвени картони добија Бек во првото полувреме и Абубакар во второто).

Лудогорец беше на прагот на сензација во Париз против ПСЖ во натпревар што на крајот заврши без победник. Изненадување спречи Анхел ди Марија во судиското продолжение за конечни 2:2 на „Паркот на принцевите“. Тимот од Разград, сепак, задоволен се враќа дома бидејќи со освоениот бод и поразот на Базел од Арсенал, за Бугарите значи преселба во нокаут фазата во Лига Европа.

Фото: uefa.com

Ситуацијата беше кристално чиста во групата Ц пред ова коло. Непознати немаше никакви. Барселона продолжува како лидер, Манчестер сити како втор, Борусија Менхенгладбах како трета во утешната Лига Европа, европските настапи завршуваат за Селтик. Каталонците на „Камп Ноу“ го совладаа бундеслигашот со 4:о, премиерлигашот и шкотскиот ривал одиграа 1:1 на „Етихад“.

Атлетико Мадрид, сепак, не успеа да заврши со максимален ефект или непоразен во групната фаза. Баерн во Минхен го победи составот на Диего Симеоне со 1:0. Холандски ПСВ ремизира со Ростов (0:0) во Ајндховен и на тој начин се збогува со фудбалска Европа за оваа сезона.

Лига на шампиони

Резултати, 6. коло

Група А: Базел – Арсенал 1:4, ПСЖ – Лудогорец 2:2. Табела: Арсенал 14, ПСЖ 12, Лудогорец 3, Базел 2.

Група Б: Бенфика – Наполи 1:2, Динамо Киев – Бешикташ 6:0. Табела: Наполи 11, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 5.

Група Ц: Барселона – Борусија Менхенгладбах 4:0, Манчестер сити – Селтик 1:1. Табела: Барселона 15, Манчестер сити 9, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 3.

Група Д: Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 1:0, ПСВ Ајндховен – Ростов 0:0. Табела: Атлетико Мадрид 15, Баерн Минхен 12, Ростов 5, ПСВ Ајндховен 2.

Бенфика Бешикташ Динамо Киев Лига на шампиони Наполи фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.