НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дискриминација на самохраните родители при уписите на факултет

2
By Нова ТВ on August 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако сопружникот е мртов вие сте самохран родител, ако му е одземено родителското право исто така, но ако го чувате сам или без алиментација системто не ве признава.

Јас не можам да ги добијам бенефициите при уписи на факултет на моите две деца како другите самохрани родители бидејќи другиот родител е жив и никогаш не сум барала алиментација. А вие би ја барале од човек од кој сте бегале со забрани за приближување? Значи само ако е мртов оваа држава ќе ме признае за самохран родител, се исповеда една мајка за НОВАТВ. 


Семејното насилство е една од причините поради кои лицата кои биле злоставувани од својот поранешен сопружник се откажуваат од правото на алиментација. Во страв за својот живот и за животот на децата, многу мајки се откажуваат од своите права, само за никогаш повеќе да не мора да го видат лицето од кое се плашат. Според достапните податоци и истражувања, жените се почести жртви на семејно насилство. Овие жени освен што секојдневно мораат да се соочуваат со стравот од својот поранешен сопруг, со недоволната заштита која им ја дава државата, многу често со осуда од општеството, тие се соочуваат и со дискриминација од државните институции.

Последен ваков пример е конкурсот за упис на факултетите на УКИМ. Во пријавата за запишување која од оваа година се пополнува и онлајн постои опција студентите да изберат дека живеат со самохран родител и врз основа на тоа да добијат целосно или половично ослободување од партиципацијата која треба да ја платат. Но откако неколку студенти ги поднеле пријавите со обележано поле дека живеат со самохран родител добиле телефонски повик од факултетот дека ако едниот родител не е починат или пак ако не му е одземено родителското право, тогаш студентот не влегува во таа категорија.

Барајќи која е причината за ова, дојдовме до Правилникот кој министерствата за труд и социјална политика и образование го донеле во мај оваа година. Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на ова право е потпишан во мај годинава од поранешните министри Пиштар Љутфиу и Ибрахим Ибрахими.

Според овој Правилник, децата кои живеат со еден родител, но од било која причина не добиваат алиментација не ги исполнуваат овие посебни критериуми.

Во нашата редакција се јавија неколку родители кои велат дека дискриминацијата на самохраните родители, а особено жените кои биле жртви на семејно насилство е и повеќе од видлива.

„Ова е класична дискриминација на дел од студентите кои живеат со самохрани родители. Јас сум мајка на две деца и не добивам алиментација, сама ги издржувам и мојата ќерка не влегува во посебната категорија. Од друга страна, на пример децата каде едниот родител е починат, добива пензија од тој родител. И на крај, зошто тогаш е оставена опцијата самохран родител, ако под самохран родител Министерството за образование направило и под категории, односно во нив влегуваат само самохрани родители кои исполнуваат одредени услови“, изјави мајка на студентка која реагираше во редакцијата на НОВА ТВ.

Таа вели дека нејзината ќерка вчера ја поднела пријавата и по само неколку часа од факултетот и се јавија да и соопштат дека не ги исполнува условите за да влезе во таа квота.

„Кога јас се слушнав со службеничката од факултетот, таа ми рече дека во самохраните родители имале поткатегорија, односно ослободувањето од партиципација важело само доколку еден од родителите е починат или ако на еден од родителите е одземено родителското право“, вели мајката .

Таа не е задоволна од одговорите кои ги даваат институциите дека едноставно такви биле законтие и имале маана.

„Јас никогаш не барав алиментација затоа што судски таткото во времето на разводот имаше и забрана да ми се приближува. Живеејќи во таков страв не ни помислував да барам алиментација, само бев среќна што бев далеку од тој човек. Јас сум целосен старател на моите деца, самохрана мајка којашто не добива никаква финансиска помош. И само затоа што во мојот случај не постои мртов родител или таков кој плаќа алиментација, не знам како тоа ме прави помалку самохрана мајка од другите“, вели нашата соговорничка.  Таа своите права планира да ги бара преку независните институции како Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

Министерствата не планираат брзо да интервенираат, немало услови

Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, двете институции кои го потпишале овој Правилник велат дека сега немаат можност да направат било какви измени на условите за запишување на факултет бидејќи конкурсот бил распишан.

„Конкурсот за уписите на факултетите е распишан согласно Законот за високо образование кој предвидува посебни квоти за децата за кои родителското право го врши еден родител. Вршењето на родителското право од страна на еден родител се утврдува со судска одлука или смртовница, односно со акти донесени во постапки пред други државни органи. Во член 5 од ’Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на ова право’ е предвидено дека покрај другите документи, кандидатите треба да достават решение од надлежен суд за родител на кој му е одземено родителското право или извод од матичната книга на умрените доколку станува збор за починат родител“, велат од Министерството за образование.

Од таму додаваат дека родителите кои не можат да ја наплатат алиментацијата, можат да го тужат родителот кој не го исплаќа надоместокот.

Од Министерството за труд и социјална политика исто така велат дека за годинешниве уписи немаат можност да ги менуваат условите, затоа што ќе треба да се прават промени и во Законот за семејства кој ги дефинира еднородителските семејства.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги истражува овие случаи

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека има сериозна основа и ќе побараат објаснувања од двете министерства кои го донеле овој правилник зошто дел од самохраните родители кои не добиваат никаков надомест не се опфатени во овие посебни услови.

„Во понеделник ќе побараме објаснување од двете министерства зошто овие деца се склучени од бенефициите кои ги добиваат останатите студенти од еднородителски семејства“, велат од Хелсиншки.

Од здружението за самопомош на еднородителски семејства „Една може“ велат дека секогаш ги поддржуваат законите кои овозможуваат пракса за изедначување на почетните позиции на родителствување, но мора да се дефинира статусот на еднородителски семејства и самохрани родители.

„Амин за мерката за намалување на квотите за децата од еднородителски семејства, но овде повторно испливува клучното прашање за нерешливоста на севкупната состојба на овие семејства. дефинирање на статусот на еднородителски семејства и самохрани родители е неопходност која не смееме да ја занемаруваме ниту да ја одложуваме повеќе. Според дефинирањето на статусот ќе дојдеме и до видот на еднородителско семејство а така ќе можеме да носиме соодветни мерки за секој вид на еднородителска конструкција, без дискриминација и без игнорирање“, велат од „Една може“.

дискриминација Една може МОН МТСП студенти УКИМ уписи Факултет Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.