Бизнисменот Сеад Кочан ќе се брани од слобода, објави „Фокус“. Според медиумот на Кочан, одземен му е пасошот и дал гаранција од еден милион евра дека нема да ја напушти земјата и ќе биде достапен за судот.
Адвокатот на Кочан, Никола Додевски за НОВА ТВ потврди дека одбраната понудила парична гаранција.
„Ние понудивме гаранција, но се уште немаме решение дека тоа е прифатено“, рече Кочан.
Притворот на Кочан вчера повторно се најде пред судија на претходна постапка откако Врховниот суд минатата недела ги укина решенијата на Кривичните совети на Кривичниот и Апелацискиот суд со кои беше одреден и потврден притворот на Кочан. За притворот одлучува судијката Даниела Димовска, истата судијка која на првото сослушување сметаше дека нема опасност Кочан да ја напушти државата.
Кочан сега се наоѓа на Клиниката за кардиологија каде беше донесен во понеделникот во прединфарктна состојба откако два месеца беше во бегство.
Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО и се сомничи дека со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.