Двесте случаи на заболени од морбили  досега се регистрирани во Грција, пишуваат локалните медиуми, повикувајќи се на податоците на надлежната комисија во Парламентот.

Властите уверуваат дека ситуацијата се следи и е под контрола. Специјалистите сметаат дека 70-75 отсто  од случаите се однесуваат на деца од ромска заедница, околу 15 отсто  се луѓе  од целото население, а речиси 10 отсто се мигранти пристигнати во Грција со првите миграциски бранови.

Стручните лица велат дека е можно, сипаниците да биле пренесени од ромските групи кои доаѓаат од Романија. Поради овие случувања Грција ќе набави нови 65.000 дози вакцини.