Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие Асани: Снимките од инцидентот во рацете на обвинителите

3
By Нова ТВ on March 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инцидентот во кој функционерот на ДУИ, Бекир Асани, неодамна нападна полицајка која им асистирала на пајак-службите времено да му го одземат возилото поради непрописно паркирање, ја разбрани македонската јавност.

По инцидентот, министерот Оливер Спасовски објави фотографија од средба со полицајката Јасмина Јаначковска, а МВР соопшти дека таа пред своите претпоставени рекла дека од Асани била само вербално нападната, а се повредила по удар од „пајакот“. Асани не доби ниту кривична пријава туку само прекршочна.

Токму ова беше уште поголем поттик јавноста да реагира уште посилно, бидејќи очигледно не им верува на МВР за овој случај, бар додека ваквото тврдење не биде поткрепено со видео.

Веднаш потоа министерот Оливер Спасовски побара било кој што поседува снимки да ги достави до МВР со цел целосно да се расчисти случајот.

Јавното обвинителство Скопје денеска соопшти дека добиле известување од МВР, а Јаначковска била повикана на разговор.

01.03.2018 Инцидентот кај Мавровка
01.03.2018 Инцидентот кај Мавровка

„Основното јавно обвинителство постапува во предметот за кој прашувате, а пристигнато е и известување од МВР. По предметот постапува надлежен јавен обвинител кој веќе издаде барања и наредби за прибирање на податоци и дополнителна документација, а во насока на утврдување на фактите во предметот. Обвинителството го повика и оштетеното лице да даде изјава. Истовремено, се преземаат и други дејствија за да се приберат потребни податоци во предметот. По нивно разгледување и анализа ќе следи соодветна јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за НОВА.

Но што е она поради кое јавноста се сомнева во МВР? Бекир Асани е  прв човек на партискиот огранок на ДУИ во Чаир и еден од најблиските луѓе на Али Ахмети.

Во неговото досие, Асани веќе има неколку кривични пријави, но ниту една не е процесуирана до крај.

Пред речиси 10 години, за Асани има кривична пријава од новинарот на тогашната А1 телевизија Лирим Дулови, кој беше удрен од Асани пред сведоци во Собранието, а настанот беше и снимен.

Дулови за НОВА изјави дека поднел пријава до јавното обвинителство, но тоа се прогласило за ненадлежно. Потоа поднел и приватна тужба. Предметот застарел, а  Дулови не добил ниту покана да даде исказ.

Против Асани беше поднесена и кривична пријава од претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров кој директно го посочи дека го претепал по осветувањето на крстот во Бутел. И за овој инцидент имаше сведоци, но пресуда се уште нема.

За Асани се пишуваше и дека му се заканувал на Заев кога тој беше прв опозиционер на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, кога во јавноста протекоа бомби за членови на ДУИ.

Асани се спомнуваше во дел од разговорите каде со функционери на ДУИ Ахмети и Муса Џафери, договараат дали, кога и како да урнат објект во Чаир изграден на „диво“.

Асани во 2008 година беше и ранет во Чаир на гласачко место во ОУ „Даме Груев“, во инцидент со полицијата.

Поплаки од Асани имаше и новинарот Зоран Божиновски, кој се сомневаше дека, затоа што пишуваше за него, Асани тргнал во Србија да го најде Божиновски за да го нападне.

Војислав Зафировски, кој беше долги години во полицискиот синдикат и шеф на внатрешната контрола во МВР, за НОВА вели дека случајот е затворен со јавната изјава на полицајката и дека практично за Асани нема да има никакви други последици.

„Премногу ја потценуваат интелигенцијата на луѓето. Во историјата на државата не се случило министер за внатрешни работи да викне полицаец за ваков да речеме банален настан . Полицијата документира, поднесува кривична пријава и тука треба случајот да заврши.. Ако за вакви работи министерот прави прием па разговара, позадината е јасна“, се сомнева Зафировски.

Војислав Зафировски
Војислав Зафировски

Според него пораката која се испраќа е дека полицајците треба да внимаваат чиј автомобил креваат, односно дека ова е порака оти треба да бараат партиска книшка наместо возачка дозвола.

Според други полициски извори на НОВА, во овој случај може да се вклучи и внатрешната контрола на МВР, која може да утврди зошто полицајците кои биле повикани од Јаначковска како засилување, веднаш не го уапсиле Асани кој се закануваше на службено лице.

И Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше дека се исполнети условите за кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” согласно изјавата на полицајката, дека таа била вербално нападната додека ја вршела својата должност.

„Во никој случај не може само физичкиот напад да се смета за исполнување на битието на делото, бидејќи самата одредба од Кривичниот законик потврдува дека за напад се смета и заканата, малтретирањето и навредата. Останува прашањето зошто МВР нема поднесено кривична пријава против лицето Бекир Асан за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” од член 383 од Кривичниот законик, имајќи предвид дека исполнето е битието на ова кривично дело“, реагираше ХК.

И покрај неодамнешниот инцидент, ако се погледнат фотографиите на НОВА, истата локација каде се случи нападот и денеска беше претворена во импровизиран паркинг простор, но пајак служби денеска таму немаше.

 

Бекир Асани ДУИ Инцидент Мавровка МВР Оливер Спасовски пајак полицајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.