Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие на импичменти за претседатели на САД: Тројца отповикани, ниту еден разрешен

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 СВЕТ
Фото: express.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 20, 2019 08:38

Доналд Трамп е третиот претседател на САД што е формално отповикан. Пред него беше изгласан импичмент за Ендру Џонсон и за Бил Клинтон, но нивните смени не беа на начин како што е случај со актуелниот станат во Белата куќа. Според „Хистори“, американските основачи, творци на Уставот, во наследство оставија систем во кој Претставничкиот дом на Конгресот тешко може да разреши претседател.

За отповикување е неопходно просто мнозинство што, пак, не значи смена по автоматизам. Финалната фаза се одвива во Сенатот каде е потребно двотретинско мнозинство на гласови „против“ за разрешување. Иако Конгресот досега разреши осум федерални судии, сепак, во такво нешто не успеа со ниту претседател, без оглед што некои претходници на Трамп беа блиску до таков епилог.

Фото: naccchildlaw.org

Ендрју Џонсон: Отповикан во 1868 година, еден глас го спаси од разрешување

Ендрју Џонсон беше промовиран како потпретседател на Абрахам Линколн во 1864 година. Наредната година се случи убиството на Линколн и на тој начин Џонсон седна во претседателската фотелја.

Но, набрзо влезе во конфликт со радикалните републиканци во Конгресот по иницијативата за помилување на лидерите на Конфедерацијата од Граѓанската војна и негирање на политичките права на поранешните робови. Потоа го отпушти и секретарот за војна, сојузник на републиканците на што тие одговорија за постапка за импичмент.

Фото: bbc.com

Џонсон беше отповикан во Претставничкиот дом со 126 гласа „за“ и 47 „против“. Но, до смена, сепак, не дојде бидејќи недостасуваше еден глас во Сенатот за двотретинско мнозинство. Го одработи целиот мандат за потоа да стане и прв претседател што е избран во Сенатот.

Бил Клинтон: Отповикан во 1998 година поради аферата „Левински“

Аферите го следеа Бил Клинтон од самото негово влегување во Белата куќа. Заедно со сопругата Хилари во 1993 година беа предмет на истрага во аферата „Вајтвотер“ во врска со недвижнини. Една година подоцна дојде и тужбата од Пола Џонс за сексуално вознемирување. Иако луѓето што работеа на двата случаја не успеаја да најдат докази за подигнување на постапка против претседателот, сепак, комбинација од нив доведе со импичмент.

Адвокатите на Џонс добија дојава дека Клинтон имал афера со 21 годишна девојка од персоналот во Белата куќа, Моника Левински. Двајцата го негираа тоа под заклетва. На тоа се надоврза Кенет Стар, независен советник во случајот „Вајтвотер“ со 20 часовни снимки на разговор меѓу Левински и Линда Трип, нејзина колешка од Белата куќа, во кои се алудираше на афера.

Фото: msnbc.com

Линда Трип прифати на биде озвучена за наредната средба со Моника Левински пред хотелот „Риц“ во Вашингтон кога, конечно, ја призна врската со претседателот. Членовите на Конгресот гласаа во склад со партиската припадност за импичмент на Бил Клинтон по две основи – за лажење под заклетва и за опструкција на правдата. Претседателот беше ослободен од двете обвиненија, па и покрај јавниот срам по скандалот, неговата поддршка нарасна на 73 отсто во 1999 година.

Доналд Трамп: Отповикан во 2019 година за шпионорање на политички ривали

Демократите го товарат Доналд Трамп по две основи – злоупотреба на службената положба при барањето до Украина да го истражи поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и еден од фаворитите за демократски кандидат за претседател на изборите во 2020 година и за опструкција на конгресна истрага по тоа прашање.

По првата точка позитивно се изјаснија 230 членови на Претставничкот дом додека 197 беа против. Втората точка е усвоена со 229:198. Отповикувањето на Трамп не значи и негова смена. За тоа ќе решава Сенатот во јануари, а тој може да стане прв разрешен претседател во 243 годишната историја.

Фото: foreignpolicy.com

Таков исход е можен само со двотретинско мнозинство во Сенатот што, пак, значи дека најмалку 20 републиканци треба да се приклучат на демократите против Трамп. Засега ниту еден републикански сенатор не навести дека ќе гласа против својот сопартиец од што извесен е заклучокот дека актуелниот претседател ќе остане на функцијата.

Ричард Никсон: За малку ќе беше отповикан за аферата „Вотергејт“

Иако беше вмешан во еден од најголемите политички скандали во историјата, Ричард Никсон, сепак, никогаш не беше отповикан. Даде исказ пред одлуката на Претставничкиот дом да гласа за неговата судбина. Да не го стореше тоа, тој веројатно ќе беше првиот отповикан и разрешен претседател по аферата со прислушкување.

Врховниот суд на САД во 1974 година му нареди на Никсон да ги објави оригиналните снимки од Овалниот кабинет во Белата куќа за време на истрагата за случајот. Во нив можеше да се слушнат негови предлози за користење на ЦИА во намерата за опструирање на истрагата на ФБИ, како и потплата на сведоци да молчат.

Фото: politico.com

Штом јавноста ги слушна снимките, Никсон доби дојава дека сите сенатори се подготвени да гласаат против него, па самиот се повлече од должноста. Подоцна беше помилуван за случајот од претседателот Џералд Форд. Но, таква среќаа немаа многумина од соработниците во аферата „Вотергејт“ поради што и минаа некој период во затвор.

Џорџ Вашингтон, Џон Тајлер, Роналд Реган, Џорџ Буш постариот и Барак Обама избегнаа отповикување

Значаен број на американски претседатели се соочија со отповикување за време на мандатите, но сите се извлекоа. Пред таква можност беа Џорџ Вашингтон, Џон Тајлер, Роналд Реган, Џорџ Буш постариот, Џорџ Буш помладиот и Барак Обама меѓутоа сите избегнаа гласање во Претставничкиот дом и во Сенатот.

досие импичмент претседатели САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.