Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие Тврдина: СЈО повторно во обид да ја освои Петта управа на МВР

3
By Нова ТВ on June 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска по втор пат е на распит кај судија на претходна постапка како осомничена во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

На првиот распит во април, судија на претходна постапка одби да ги прифати барањата на СЈО и да изрече мерка на претпазливост за Јанкулоска и останатите тројца осомничени. Мерка притвор доби само првоосомничениот, началникот на Петта управа во МВР Горан Грујевски, но судот по неколку дена ја преиначи одлуката во куќен притвор. Со одлуката на Претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција, беше укината и таа мерка, а по повлекувањето на помилувањата сега предметот повторно се враќа на одлучување во Кривичниот суд. Се очекува попладне на распит да дојде и првосомничениот Грујовски. СЈО сега повторно ги бара истите мерки за обезбедување на осомничените.

Тврдина – обид да се скријат траги за прислушувањето

Тврдина е третиот предмет што го обелодени СЈО, а во кој се осомничени 5-мина, тројца началници на оддели во УБК, екс министерката за внатрешни работи и вработена во архивата. СЈО смета дека има докази дека групата организирала уништување на два система за следење на комуникации со што државата е оштетена за 10 милиони евра. Уништувањето на системите е извршено минатата година на 28 март во отпад.

СЈО обелодени дека операцијата за уништување почнала порано, откако лани на 25-ти февруари со судска спогодба, вината во случајот Пуч ја признал Ѕвонко Костовски, а судот утврдил дека нелегалното прислушување е вршено со ситемите на МВР. Неколку денови по таа судска пресуда, началникот на Петта управа во МВР Горан Грујевски кој е првоосомничен, почнал да прави  документација и извештаи за да се овозможи „законско“ уништување на системите.

jankuloska

Од Специјалното јавно обвинителство тврдат дека Горан Грујевски, издал усна наредба до други раководители со цел да прикаже дека постои „наводна потреба“ за ништење и бришење од евиденцијата опрема поради техничка застареност. Целта според нив била да прикрие други лица дека неовластено прислушувале

Тој до второосомничениот доставил предлог да се формира Комисија за попис, ништење и бришење од евидениција и од листата на опремата. Истовремено, според СЈО, тој незаконски предложил членови за Комисија за попис на опремата.

По наредба вториот началник доставил Предлог за формирање на Комисија за попис до секторот за правни работи. Иако секторот укажал на недоследности, сепак вториот началник не дал појаснување, со цел да скрие дека ќе се уништуваат и два система за следење на комуникациите. Иако не добиле појаснување, од Секторот го изготвиле решението по напатствијата дадени од министерката Јанкулоска.

„Кон крајот на март минатата година, министерот за внатрешни без да ги земе предвид законите за постапување со класифицирани информации, без барање на сите организации во УБК, формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање. Јанкулоска не зела в предвид ниту дали избраните членовите на Комисијата се поставени согласно закон.“ посочи обвинителката Ристовска.

Веднаш потоа формираната Комисија ја попишала опремата. Се работи за системи од кои едниот бил исклучен уште во 2008, додека останатиот се уште работел. Лицата задолжени за ракување со системот за следење на комуникации го исклучиле системот за следење на комуникации кој тогаш бил во употреба. Акцијата за прикривање на трагите продолжила и во текот на целата 2015 година, а се одвивале и до средината на март годинава.

Според СЈО, казнивоста за кривичното дело злоупотреба на положба и овластувања и нивно пречекорување се движат од 5 до 20 години, а оттаму велат дека тие истрагата ја темелат врз основа на бројни материјални и вербални докази. Дополнително ќе се истражува дали во случајот инволвирани се и други службени лица.

Коста Крпач сведочел за „Тврдина“

Коста Крпач, директорот на компанијата„Финзи ДООЕЛ“, кој официјално изврши самоубиство беше клучниот сведок за случајот„Тврдина“.

Тој доброволно се пријавил во СЈО, а исказот бил во врска со незаконското уништување на двата система за прислушување.

timthumb

СЈО соопшти дека против Крпач не била водена никаква кривична постапка и тој немал својство на осомничено лице, туку на сведок и затоа зачуди фактот што и тој се најде на списокот на аболирани на Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Од СЈО посочија дека поседуваат докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓал Крпач, но бидејќи се работи за исклучително доверливи информации тие не може да ги споделат во јавноста.

Освен Крпач на листата на Иванов се наоѓаат и Владислав Стајковиќ и Христијан Панев – лица кои се поврзуваат со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување.

Јанева веќе го побара случајот „Израелска опрема“ во којшто осомничен за поткуп е Сашо Мијалков, а вмешан е и Владислав Стајковиќ, но за овој предмет не е обелоденета истрага од Специјалното обвинителство.

Јанкуловска: Сосема сум спокојна, немам кривични дела

 

Горан Грујевски Гордана Јанкулоска Кривичен суд распит СЈО Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.