Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги промовира десетте ликови со најсилни импресии во Лигата на шампиони за сезоната во заоѓање. Меѓу нив и двајца вардарци.

Најдобар десен бек, позиција на која игра и Кире Лазаров, е Алекс Душебаев за кого настапите на Фајналфор турнирот, викендот во Келн, ќе бидат последни во црвено-црниот дрес. По четири години минати во Скопје (2013-2017), шпанскиот репрезентативец од наредната сезона се сели во полски Кјелце.

Фото: rkvardar.mk

Вториот е Раул Гонзалез. Предводникот на Вардар и македонски селектор е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2016/17 во исклучително силна конкуренција на Хавиер Пасквал (Барселона), на Алфред Гисласон (Кил), на Талант Душебаев (Кјелце), Патрис Канае (ПСЖ), Чави Сабате (Веспрем), Николај Јакобсен (Рајн Некар Левен), итн.

Фото: ehfcl.com

Најмногу претставници во топ 10 има од ПСЖ, дури половина, двајца дава Барселона и еден Моонпелје, покрај Душебаев.

Ракометари по позиции што оставија најсилен впечаток во ЛШ за сезоната 2016/17

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија/Барселона)

Лево крило: Уве Геншајмер (Германија/ПСЖ)

Лев бек: Микел Хансен (Данска/ПСЖ)

Среден бек: Никола Карабатиќ (Франција/ПСЖ)

Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Франција/ПСЖ)

Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија/Вардар)

Десно крило: Виктор Томас (Шпанија/Барселона)

Најдобар дефанзивец: Лука Карабатиќ (Франција/ПСЖ)

Најдобар млад играч: Недил Ремили (Франција/ПСЖ)

Најдобар тренер: Раул Гонзалез (Шпанија/ПСЖ)