Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата губи на акциза, животната средина плаќа: Екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот

0
By Нова ТВ on April 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 13, 2020 15:33
Дизелот и Екстра лесното гориво, освен разликата во акцизата и цената, се разликуваат и во техничките карактеристики кои се однесуваат на нивната чистота и согорување. Додека од пониската акциза на Екстра лесното гориво што се троши како дизел за транспорт, државата губи над 11 денари по литар, при согорувањето екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот, бидејќи содржи 100 пати повеќе сулфур на еден литар гориво.
Статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од 5 милиони литри. Тоа што Стопанската комора го покрена како проблем со пресметките од Светска банка дека околу 90 проценти од Екстра лесното гориво на нашиот пазар завршува како гориво за транспорт, го потврди и првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
„За изедначувањето на акцизата на Екстра лесното гориво со дизелот, РКЕ, имајќи ги во предвид податоците, но и голем број на дојави за злоупотреба на ЕЛ кое понекогаш се користи како дизел гориво, а акцизата е многу ниска и на тој начин се намалуваат приходите во буџетот на државата и со тоа се оштетуваат сите граѓани, апсолутно ја поддржуваме оваа мерка, имајќи во предвид и еколошкиот аспект дека ЕЛ гориво е со далеку полош квалитет во однос на дизелот“, изјави Бислимовски.
Изедначувањето на акцизата на црвената нафта и дизелот, освен поголеми приходи во буџетот, според пресметките на Стопанската комора може да резултира и со намалување на емисијата на сулфур во воздухот за 100 пати од 50 илјади килограми, на 500 килограми на годишно ниво. Количеството на сулфур се однесува на тоа колку горивото загадува при согорување. Повеќе сулфур, повеќе загадување на животната средина.
Дизелот што се продава на бензиските станици во нашата држава мора да ги исполнува минимум Еуро 5 нормите за издувни гасови кои се пропишани со македонскиот стандард МКС ЕН 590, односно не смее да содржат повеќе од 10 милиграми сулфур на килограм, додека Екстра лесното – 1 гориво, што е наменето за домаќинства и индустрија и има црвена боја не смее да содржи над 0,1 отсто м/м сулфур што е еквивалент на 1.000 милиграми на килограм.  Разликата во дозволеното количество сулфур меѓу дизелот и екстра лесното гориво е 100 пати.
Акцизи Горива Загадување Карактеристики цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.