Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ и Алијансата на Албанците со штури информации по средбата

0
By Нова ТВ on February 14, 2017 ПОЛИТИКА
архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двочасовната средба меѓу Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и Алијансата на Албанците заврши, работните групи се разотидоа. Зад нив оставија дилеми за што конкретно разговараа и дали нешто конкретно договорија. Наместо тоа, по кој знае кој пат, испратија општа порака во завиена форма дека на маса била заедничката платформа како услов за коалицирање со партија од македонскиот политички блок во идната Влада.

Според Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, средбата минала во конструктивна атмосфера. Приликата ја искористи за повторување на ставот за важноста од исполнување на сите точки од документот без притоа да прави разлика кој би формирал Влада. И едните и другите избегнаа да кажат дали предлозите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, биле предмет на опсервација на бипартитната средба.

„Средбата на работните групи беше во духот на платформата и мина во конструктивна атмосфера. Разменивме ставови и разговаравме за сите точки за кои сметаме дека се важни. Исто така можам да ја третирам средбата како конструктивна бидејќи отворено разговаравме за тие точки што се многу важни и особено оние точки што доближуваат Македонија кон НАТО и ЕУ“, порача Теута Арифи од ДУИ.

Интегративците на средбата учествуваа на потпретседателско ниво. Во отсуство на лидерот Али Ахмети, нивните претставници беа Теута Арифи (градоначалничка на Тетово), Невзат Бејта (градоначалник на Гостивар) и Иџет Меџити (градоначалник на Чаир).

Алијанса на Албанците Арбен Таравари ДУИ Платформа средба Теута Арифи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.