Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца номинирани за кабинетот на Трамп вплеткани во секс скандали

0
By Marija Todorovska on November 20, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 20, 2024 10:10

Вашингтон: Двајца од кандидатите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за клучни владини позиции – Пит Хегсет за шеф на Пентагон и Мет Гејц за министер за правда – се вмешани во секс скандали, и затоа не е сигурно дека нивните номинации ќе бидат потврдени во Сенатот, што ги одобрува членовите на новиот кабинет според процедурата.

Хегсет и платил непозната сума пари на жената која го обвини за сексуален напад во 2017 година за да избегне приказната – за која вели дека е неоснована – да се прошири во јавноста, потврди за медиумите адвокатот на Хегсет, Тим Парлаторе. Гејц, кој до неодамна беше конгресмен од Флорида, ненадејно поднесе оставка од тоа место во Претставничкиот дом минатата недела.

Ова се случи само неколку дена пред да биде пуштен извештајот на Етичкиот комитет за тоа дали Гејц бил вмешан во сексуална трговија со 17-годишна девојка и дали користел нелегални дроги. Некои конгресмени за Гејц изјавиле дека им покажувал голи фотографии од жени со кои имал сексуални односи.

Гејц ги негира обвинувањата.

Трамп не се откажува од номинацијата на Гејц, а претходно побара од Сенатот да ги промени правилата за претседателот да може да именува членови на новиот кабинет и без седница на Сенатот. Сега правилото е дека сенаторите мора да ги разгледуваат претседателските назначувања на седница, а тој процес не тече кога нема седница.

Вашингтон Гејтс САД Сенат Трамп Хегсет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.