Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

12 приведени, за шестмина одреден притвор за настаните од четвртокот

0
By Нова ТВ on May 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 3, 2017 14:33

Нови три лица В.Н.(45) Д.П. (33) и В.Ц. (33) се приведени синоќа и се сомничат за кривични дела „учество во толпа, што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ (В.Н) и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“(Д.П.) и (В.Ц.), соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Според информациите В.Н. е сослушан од судија на претходна постапка и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Од МВР информираат и дека синоќа во полициската станица Кисела Вода сам се пријавил и В.Т. (40) осомничен за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

„До овој момент на сила се уште централни расписи за осум лица, по кои полицијата трага. Досега од 12 приведени, на шестмина им е изречена мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка – претпазливост“, велат од МВР.

Како што претходно соопштија од МВР, СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје досега поднесе кривични пријави за 20 идентификувани лица учесници во нередите во парламентот.

„Покрај ова до ОЈО Скопје поднесени се извештаи за досега собраните сознанија околу лица организатори на протестот, како и лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда“, велат од МВР.

Од Министерството информираат и дека продолжуваат со детална истрага за експлозивната направа што вчера беше откриена на првиот кат во зградата на Собранието. Експлозивната направа била направена од плинска боца од 300 милилитри на која со селотејп биле залепени петарди.

 

МВР насилство приведени притвор Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.