Вкупната број на гледачи во Премиер лигата во сезоната 2019/20 ја надмина бројката на гледачи во Лигата на шампионите кога започна пандемијата на коронавирус.

Студијата на британската ревизорска куќа „Ernst & Young“ покажа дека комбинираната глобална публика на Премиер лигата за сезоната 2019/2020 изнесувала 3,2 милијарди или двојно повеќе од Лигата на шампионите. Пред суспензијата на првенството, стадионите беа исполнети со рекордни 97,8 отсто во таа сезона.

Англиското фудбалско првенство е најбарано од ТВ куќите. Покрај Премиер лигата во Топ 5 најгледани европски лиги се шпанската Примера, германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига 1.