Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едногласна поддршка: Изгласана самостојност и независност на собраниската служба

0
By Нова ТВ on January 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште подобро етаблирање на Парламентот како вистински претставник на граѓаните и како независен носител на законодавната власт преку унапредување на неговите служби, ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за Собранието на Република Северна Македонија што денеска беше едногласно донесен, со поддршка на сите, вкупно 82 пратеника, присутни на 130. седница.

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност, беше речено на седницата. Според измените, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секратар во согласност со буџетскиот совет на Собранието.

Спикерот Талат Џафери во кусото обраќање пред гласањето се заблагодари на сите 123 пратеници за заложбата да донесат заедничко решение. Токму овој парламентарен состав во заминување, рече Џафери, стави печат зашто направи основа за натамошно подобрување на Собранието, а консензуалноста за овој случај треба да биде пример во натамошното функционирање и уредување на системот во државата.

И опозициските пратеници изразија задоволство од меѓусебната соработка. Како што истакна Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, законот за Собранието е доказ дека низ дискусија и разговори се доаѓа до заеднички решенија за добро на сите.

„Со носење на овој Закон, сегашниот парламентарен состав ќе го заокружи својот мандат и ќе ја запечати досегашната заложба на Собранието да стигне до позицијата која му е определена со Уставот, до она за што постојано се залагало – да биде независна институција. Законот ги овозможува потребните механизми за управување на Собранието независно кое мнозинство натаму ќе го предводи. Сметам дека заеднички го дадовме совјот максимум за консензуален предлог, учествуваа сите 123 пратеници, независно од нивната политичка припадност. Ова нека биде пример како може да се дојде до консензус за уредување на нашиот систем во земјата. Сите нека одат по патот на вакво консензуално решение“, порача Џафери.

Мицевски се надворза со став дека, конечно, по десет години од донесувањето на првичниот Закон, се носат измени, измени кои се конструктивни, што ја потврди желбата на овој парламентарен состав да побара и да најде решение за проблем кој се провлекувал цела декада.

„Не дека претходните раководства на Собранието не сакале да го решат овој проблем, но сметам дека денес имаме добро, консензуално решение кое претставува дел од целиот проект што го работиме како пратенички групи, а можност е за целосна независност на Собранието. Законот ќе биде добра основа за унапредување на правата на собраниските служби и за детектирање одредени недоследности кои понатаму би можеле да се подобрат. На наредниот пратенички состав останува процесот да се доведе до крај, да се обезбеди целосна финансиска и безбедносна независност на Парламентот, Собранието да си ја добие уставната позиција како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт“, рече Мицевски.

За збор се јави и Панчо Минов, давајќи, исто така, апсолутна поддршка на Законот. Посебно ја поздрави можноста за вработување нови и унапредување на постојните вработени во собраниските служби.

„Досега беше голема неповолност тоа што имаше повеќегодишен застој кај службениците. Тие со години имаа ист статус: референт, соработник, самостоен соработник, иако ги исполнуваа сите услови за унапредување. Сега, освен тоа, ќе има и годишни вработувања, но се ќе биде во насока на поквалитена и постручна служба“, напомена Минов.

закон независност одлука Самостојност Служби Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.