Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едвард Џозеф: Она што го прави Путин со бомби, Бугарија го прави со блокирање

0
By НОВА ТВ Terziova on June 29, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2022 22:09

Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, негирање. Ова е суштината на нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време. Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета, изјави Едвард Џозеф предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, за Агенда35 на МТВ.

Тој посочи дека предлага САД да го афирмира македонскиот идентитет, преку договор меѓу САД и Македонија, билатерален културен документ во рамките на стратешкиот дијалог што ќе го афирмира идентитетот, затоа што ова веќе е проблем и на НАТО и на САД.

НАТО членкатa Бугарија ја користи својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши идентитетска агресија што е форма на агресија врз друг НАТО сојузник. Не може ова да го имаме во НАТО, овој тип на агресија е сличен на она што го прави Русија во Украина кога и вика дека се вештачка држава, тоа го прави Бугарија, ви вика вие сте вештачка нација, вие сте Бугарија, вашиот јазик е бугарски, вашата историја до 1944 е бугарска. Ние велиме дека тоа е неприфатливо. Путин го прави тоа со бомби, Бугарија со блокирање. Ова е проблем на НАТО затоа што една членка врши агресија на друга. Но ова е и проблем на САД. Затоа што претседателот Румен Радев и други во бугарскиот парламент и функционери го користат ова прашање за агенда што е во сојузништво со Путин, оние кои го користат ова прашање во Бугарија се сојузници на Путин. Затоа е проблем и за САД, рече Џозеф.

Во врска со тоа што треба да преземат македонските власти тој истакна дека Бугарија го поткопува македонскиот идентитет и премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски да одлучат каква позиција ќе заземат и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.

Бугарија Дома Едвард Џозеф регион САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.