Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еко свест бара од меѓународните инстутуции да го заштитат Водно

2
By Нова ТВ on August 15, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест испрати дописи до меѓународни институции и банки со кои алармира за заканата од уништување на парк шумата Водно од изградбата на гасоводот низ значајни подрачја на природата богати со биодиверзитет.

Станува збор за спорната делница 5 Скопје- Гостивар- Кичево на проектот за национален гасификационен систем за чии потреби е одбрана траса која минува по сртот на парк шумата Водно и низ значајни подрачја на природа чие уништување е неповратно.

Во дописот до Европската унија Еко свест посочува:

-Трасата низ парк шумата Водно минува низ значајни растителни подрачја со ретки и загрозени билки, а нејасно е какво ќе биде влијанието на изградбата на трасата и градежните активности врз Матка, Пештерата Убавица и Буково кое е исто значително растително подрачје.

-Оценката за влијание врз животната средина нема стратетија за управување со ризици ниту се испочитувани мерките за намалување на негативните влијанија при расчистување на теренот. Дополнително, изминатата недела излегоа информации според кои биологот кој е потпишан на овој документ воопшто не учествувал во неговата изработка. Со ова се доведува во прашање веродостојноста на податоците и самата студија.

-Во фазата на планирање биле разгледани повеќе можни траси за овој дел од гасоводот, меѓутоа останува нејасно зошто сите биле отфрлени и била избрана токму трасата низ парк шумата Водно. Посебно бидејќи во постапката за Оценката за влијание врз животната средина биле спроведени јавни расправи во засегнатите општини на кои не биле поканети засегнати граѓани и граѓански организации кои работат во сектор животна средина. Единствени кои се потпишани на списоците се вработени во општините и присутните институции.

Поради сите овие причини, а и важниот факт дека на одбраната траса постојат барем две ерозивни подрачја чија дефорестација би значела зголемување на ризикот од лизгање на земјиштето и загрозување на безбедноста на Скопјани, Еко свест укажува дека гасоводот за овој дел да не поминува низ Водно и воедно бара почитување на законите и подзаконските акти.

По критиките од невладините организации, минатиот месец Македонски енергетски ресурси предложи нова траса за гасоводот преку Водно со која максимално ќе се заштити зелениот појас.

МЕР ја смени трасата, но не целосно

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на МЕР Бајрам Реџепи и претставници на иницијативата „Го сакам Водно“ на 10 јули беа на увид на предложената траса, а Анѓушев тогаш изјави дека според предлогот на МЕР максимално ќе се избегнуваат површините покриени со шума, делумно ќе се користат и патчињата и патеките кои веќе постојат, со што за околу 70 проценти ќе се намали влијанието врз зелениот појас во постапка на градење.

Но групата „Го сакам Водно“ кон крајот на минатиот месец на прес конференција пред Град Скопје уште еднаш ќе се обиде да ја сопре намерата на надлежните дел од гасоводната мрежа да се гради низ парк шумата Водно.

Од Владата одговорија дека гасоводот e типичен еколошки проект кој ќе има сериозно позитивен ефект за животната средина и дека „дефинирање целосно нова траса за овој гасовод не е можна, бидеjќи тоа ќе донесе неколкукратно поголеми проблеми и штети за државата и за граѓаните: губење време за реализација на гасоводот, правни проблеми со експропријација на земјиште, губење на заемот со исплата на  дополнителни големи камати, сериозно одложување на реализација на еколошкиот проект-гасовод, и со тоа поттикнување натамошно греење со огревни дрва, наместо со гас, што ја загрозува животната средина“.

„Како компензација на оштетената вегетација, ќе се засади нова, во неколкукратно поголеми количини, ќе се оформат нови заштитни подрачја на Водно кон Матка, а ќе се пошуми и јужната страна“, се истакнува во соопштението.

Водно гасовод Еко-Свест ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.