Претставникот на лондонската полиција Нил Басу потврди дека експлозијата во метрото утрово е тероризам.

Претходно полицијата и итната помош потврдија дека во метро станицата Парсон грин се случила експлозија, при што неколку лица се повредени, односно се здобиле со изгореници.

Би Би Си повикувајќи се на Твитер објави фотографија на која се гледа бела канта и оган, но не и посериозни оштетувања во станицата.

Во прекин е сообраќајот на релација меѓу станиците Ерлс корт и Вимблдон.