Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕЛЕМ го обвинува Мицкоски за договори во „четири очи“ за РЕК Битола

1
By Нова ТВ on April 15, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 15, 2018 17:52

Директорот на државната ЕЛЕМ обвини дека, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додека бил директор на оваа институција потпишувал во четири очи договори за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Според директорот на АД ЕЛЕМ Драган Минвски, во непосредна спогодба Мицкоски потпишал два договори со фирмите „Пелистер“ и „Марковски“, во вредност од над 10 милиони евра. Токму овие договори биле предмет на внатрешна ревизија. Реакцијата на ЕЛЕМ следува откако опозицијата обвини дека битолската фирма „Пелистер“ е блиска до СДСМ и добила тенедер поради променети услови во спецификацијата.

-Споредбено по гига џул „Пелистер“ во моментов копа по 87,8 денари за гига џул додека во времето на Мицковски, „Пелистер“ копал по 96 денари за гига џул а „Марковски“ по 90 денари за гига џул. Ова е одговорот на нивните прозивки за цента по која сега се врши ископ во РЕК Битола. Еве какви договори во непосредна спогодба склучил лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и партијата која сега го прозива АД ЕЛЕМ, вели Миновски.

ЕЛЕМ нема да го поништи тендерот за ископ на јаглен зашто повеќе од седум компании ги исполнувале условите. Бил додаден уште еден услов, за да се  овозможи поголема конкурентност, одговара  Миновски на прозивките на ВМРО ДПМНЕ кои обвинија дека Владата на криминален и нетранспарентен начин, фаворизира компанија блиска до врвот на СДСМ.

-Самата комисија за жалби по јавни набавки, ја одби како неоснована жалбата на еден економски оператор, тврдејќи дека и со такви услови има конкурентност. Ние за да овозможиме поголема конкурентност, додаваме уште еден услов кој може да го исполнат повеќе компании, изјави Миновски.

– Мицкоски се пофали дека оставил 25 милиони евра на сметката на АД ЕЛЕМ без никакви долгови кон доверители и вработените. Тоа што е точно е дека остави 17,8 милиони евра депозити во банките и 7,3 милиони евра расположливи средства… За разлика од него, ние го исплативме К-15 за 2017 кој Мицкоски не го исплати, и исплатен е и петпроцентниот додаток кој Мицкоски, исто така, не го исплати за целиот период наназад, исплатени се сите ремонтни активности и поправки, и во овој момент на сметката на АД ЕЛЕМ има 25 милиони евра депозити, и уште 20 милиони евра расположливи средства, или вкупно 45 милиони евра, значи двапати повеќе од тоа што остави Мицкоски, рече генералниот директор на АД ЕЛЕМ на пресот – реакција на обвинувањата на опозициската партија.

Мицкоски преку Фејсбук побара извунување за обвинувањата, а во спротивно најави тужба.

договори ЕЛЕМ Мицкоски Пелистер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.