НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елмас: Со пласманот на ЕП направивме многу, но сакаме уште повеќе

0
By Sashko on June 3, 2021 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија на секој натпревар оди на победа, а така ќе биде и утре против Казахстан во последната проверка пред Европското фудбалско првенство, најави Елиф Елмас, чие дело беше единствениот погодок во ремито (1:1) со Словенија во вторникот. Но, играчот на Наполи испорача уште една желба – максимално исполнет капацитет на арената „Тоше Проески“, согласно епидемиолошки протоколи што се на сила поради пандемијата на ковид-19.

– Чувството да се игра пред гледачи е посебно и многу сме среќни што публиката се враќа на стадионите. Секогаш сме уживале поддршка од навивачите и не се сомневам дека така ќе биде и утре. Можам да ветам одлична игра, а моја желба е со победа да ги израдуваме фановите пред Европското првенство, истакна Елмас.

Казахстан ќе претставува одличен тест, смета Елмас, што го поткрепи со фактот дека нашиот утрешен ривал одигра 1:1 против Украина, втор противник на „црвено-жолтите“ во Букурешт во рамки на групата Ц на ЕП 2020 (17 јуни, 15 часот). Фудбалерот на Наполи притоа сподели и дел од очекувањата за континенталниот турнир.

– Досега направивме голема работа, но сакаме уште. На ЕП одиме да се докажеме. Знаеме што поседуваме, знаеме со кого ќе се соочиме, напорно работевме во изминатиот период и се надевам дека ќе нè послужи здравјето да дадеме максимум на ЕП и да приредиме радосни моменти за нацијата, изјави Елмас.

Елиф Елмас ЕП Македонија репрезентација спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.