Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕМА го одобри „Паксловид“ на „Фајзер“ за пациенти со висок ризик од ковид-19

0
By Sashko on January 27, 2022 СВЕТ
Фото: digi24.ro
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 27, 2022 17:20
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска го одобри лекот против ковид-19 на „Фајзер“ што е наменет за возрасни лица кои се изложени на ризик од тешка болест.
Условното одобрување на ЕМА им дозволува на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот, откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година.
Италија, Германија и Белгија се меѓу ретките земји од ЕУ кои го купија лекот наречен „Паксловид“.
Соединетите Американски Држави во декември гo одобрија „Паксловид“ кој е сличен на лекот „Молнупиравир“ на „Мерк“.
Лекот на „Мерк“, исто така, се разгледува во ЕУ, но потребно е повеќе време за негово одобрување, бидејќи компанијата ги ревидираше податоците од тестовите во ноември велејќи дека лекот е значително помалку ефикасен отколку што се мислеше.
Овие орални лекови, особено оние на „Фајзер“, се сметаат за нови ветувачки опции за третман што може да се земаат во домашни услови на почеток на симптомите на ковид-19 за да се спречат хоспитализација и смртни случаи.
Според податоците од клиничкото испитување на компанијата, „Паксловид“ е антивирусен режим со два лека, речиси 90 отсто ефикасен во спречувањето на хоспитализација и смрт на пациенти со висок ризик за тешки болести.
Неодамнешните лабораториски податоци укажуваат дека лекот ја задржал својата ефикасност против варијантата Омикрон.
„Паксловид“ ЕМА Ковид-19 Одобрување Свет фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.