Екипата на НОВА денеска можеше да забележи како дел од пратениците доаѓаат на работа. Нема предвидени активности, нема седница. НОВА го регистрираше и доаѓањето на техничкиот премиер и пратеник Емил Димитриев.

Од утрово на работа е дојден и новиот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Прес центарот каде што беа тепани пратениците е запечатен и се чека да заврши увидот на истражните органи. Во делот каде што беа најголемите инциденти се уште стои кршот и нередот што зад себе го оставија насилниците.