Македонија со пораз го започна настапот на Европското ракометно првенство чии кодомаќини се Унгарија и Словачка. Во воведниот меч од групата А во Дебрецин, „црвено-жолтите“ загубија од Словенија со 25:27 (полувреме 10:13).

Најефикасен играч на натпреварот беше Цветан Кузманоски со осум гола, Филип Кузмановски постигна пет, а Филип Талески четири. Прв стрелец во словенечкиот состав беше капитенот Јуре Доленц со пет погодоци.

Во вториот меч од А конкуренција вечерва од 20.30 часот ќе играат Данска и Црна Гора.