Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕПП: Можни се санкции за Унгарија ако не ја почитува демократијата

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку продолжи занемарување на демократијата во Унгарија, Европската унија може да ја разгледа опцијата и да ја активира процедурата според членот  7 од Договорот за ЕУ, со кој се предвидуваат санкции против една земја-членка, предупреди портпаролот на Европската народна партија, Зигфрид Муресан.

Унгарија неделава се најде под жесток притисок поради донесувањето на закон чија директна цел е Централно европскиот универзитет (ЦЕУ) основан од американскиот милијардер, Џорџ Сорос, и кој од одамна се смета за непријателски бастион на либерализмот од страна на владата на премиерот Виктор Орбан.

Овој потег на Будимпешта предизвика обединет бран на осуда во Европскиот Парламент, при што претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер истакна, дека “слободата на размислување, истражувања и на говорот се од суштинско значење за европскиот идентитет“.

-Европската народна партија ќе го брани ова по секоја цена, рече тој.

Претставници на партијата се најдоа под притисок да ја осудат партија на Орбан Фидес, која е сродна на централно-десничарската група на Европската народна партија.

Портпаролот на Европската народна партија и романски европратеник Зигфрид Муресан за Јурактив изјави дека партиските лидери ќе разговараат за случајот со Фидес на состанокот на претседателството на 29 април.

Но тој рече дека дека како опција остануваат и санкциите против Будимпешта.

-Ако ситуацијата со Унгарија продолжи, Член 7 може да се стави на маса, предупреди тој.

Членот 7 од Договорот од Лисабон, кој досега не бил активиран е наменет за одбрана на основните вредности на ЕУ, како што се демократијата, слободата, човековите права и владеењето на правото. Доколку ЕУ забележи “сериозни и постојани прекршувања” на овие вредности, може да се активира Членот 7 и со тоа да се суспендираат правата како земја членка, како што се право на глас во Советот на ЕУ или пристап до единствениот пазар.

Сепак, бидејќи овој Член 7 се смета како “нуклеарна бомба” – алатка што никогаш не треба да се користи – ЕУ воведе механизам “владеење на правото”, кој во моментов се применува за  Полска.

Муресан смета дека вистинското прашање што треба да им се постави на граѓаните на Унгарија е дали сакаат да продолжат да ги уживаат бенефитите на членството во ЕУ што тоа им ги пружа, вклучувајќи го и правото да живеат каде сакаат во Европа, слободно да патуваат, да работат и да студираат каде сакаат и многу милијарди евра од ЕУ  фондовите.

Портпаролот на Европската народна партија додаде дека повеќе од десет години откако Унгарија се приклучи на ЕУ, сега е време за целосно да учествува во дебатата за иднината на Европа.

-Она што луѓето сакаат е политичарите да спроведуваат реформи во Европа, така што таа ќе може да ги реши нивните проблеми, вели Муресан.

Унгарија последните неколку дена предизвика голем број провокации со започнувањето на иницијативата наречена ” Да го запреме Брисел”, која започна само неколку дена откако лидерите се собраа во Рим по повод 60-годишнината од ЕУ.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер вчера истакна дека  не му се допаѓа одлуката за затворањето на Универзитетот, додавајќи дека следната среда за ова ќе се разговараат комесарите.

Иницијативата “Да го запреме Брисел“, тој ја нарече пристрасна, додавајќи дека „би сакал да може подобро да ги разбере намерите на Орбан“.

Брисел ЕПП Орбан санкции Сорос ЦЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.