Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган и пркоси на Америка

0
By Нова ТВ on August 18, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турција нема да им се предаде на САД, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конгрес на неговата исламо-конзервативна партија АКП:

– Нема да им се предадеме на оние што се претставуваат како наши стратешки партнери а истовремено од нас прават стратешка цел, рече тој.

Со оваа изјава тој даде сигнал дека ја продлабочува кризата со САД која Турција ја чини вртоглав пад на турската лира од 40 отсто.

– Некои мислат дека можат да ни се закануваат со економијата, санкции, девизи, камати и инфлација. Ние ги откривме вашите сплетки и ве предизвикуваме, изјави тој со енергијата позната од неговите митинзи.

Дипломатската криза помеѓу Анкара и САД, кои се сојузници во НАТО, започна со затворањето на американски свештеник Ендру Бренсон, уапсен во декември 2016 година, а неодамна префрлен во домашен притвор. Тој ги негира обвинувањата дека ѝ помагал на групата која Анкара ја обвинува за обид за државен удар, и оти им пружал поддршка на курдските екстремисти.

На одбивањето за ослободување на свештеникот, САД одговорија со санкции против двајца турски министри.

Турската лира продолжува да паѓа откако Вашингтон во петокот се закани со нови санкции. На падот на лирата влијае и контролата на Ердоган врз турската економија и неговото одбивање да и дозволи на централната банка на Турција да ги зголеми каматите.

Агенцијата „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на „Б плус“ наведувајќи дека падот на вредноста на лирата ќе доведе до послаба економија следната година.

На денешниот конгрес Ердоган тврдеше дека Турција ќе продолжи да го проширува своите воени операции на границата со Сирија за да го сопре напредувањето на курдската милиција која, од друга страна, на има поддршката на САД во борбата против тероризмот. За Ердоган овие Курди се терористи.

дипломатска криза економија лира Реџеп Таип Ердоган САД Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.