Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Муслиманите мора да преземат одговорност за безбедна иднина на човештвото

0
By Sashko on August 25, 2021 РЕГИОН
Фото: time.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 25, 2021 18:02

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека муслиманите мора да преземат одговорност за својот мир и просперитет, како и за безбедноста и иднината на целото човештво, јави агенцијата „Анадолија“.

Ердоган, во видео-обраќањето на денешното четврто Генерално собрание на Форумот на млади на Организацијата за исламска соработка (ОИС), истакна дека „сме сведоци на еден од најбурните периоди во историјата на човештвото, време во кое безбедносните проблеми, терористичките активности и епидемијата се постојано на светската агенда, поради што не може во целост да се постигне посакуван мир и благосостојба“. Тој оцени дека тие проблеми, кои се закануваат на целото човештво, за жал, оставиле најдлабоки траги на подрачјето на муслиманскиот свет.

Муслиманите кои се борат со судири, миграции, сиромаштија и болести на широкото географско подрачје, од Сирија до Авганистан, мораат истовремено да се борат со растечката исламофобија и расизам, особено на Западот. Речиси секој ден читаме вести за нашите браќа кои се малтретирани и дискриминирани поради свои уверувања, шамијата и облеката, во земјите кои наводно се колевка на демократијата. Не е возможно да се продолжи овој неправеден поредок, во кој постојат глад, војна и екстремна сиромаштија од една, и луксуз, разврат и експлоатација од друга страна, смета турскиот претседател.

Тој вели дека Турција константно укажува на глобалната неправда и нагласува дека „светот е поголем од пет“, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, пренесува „Анадолија“.

„Никој од нас не може да си го дозволи тој луксуз само да го гледа овој поредок. Муслиманите мораат да преземат одговорност за својот мир и просперитет, како и за безбедноста и иднината на целото човештво, и да го подигнат својот глас пред неправдите на кои сведочат, порача Ердоган.

муслимани одговорност регион Реџеп Таип Ердоган Турција Човештво
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.