Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба

1
By Нова ТВ on July 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 20, 2016 23:48

Реџеп Таип Ердоган објави денес дека во Турција се воведува вонредна состојба која ќе трае три месеци. Ова се случува откако минатиот петок дојде до обид за воен удар во оваа држава.

“Советот на министрите одлучи да се воведе вонредна состојба во наредните три месеци”, најави шефот на државата на прес конференција. Според него, тоа е неопходно за да можат “брзо да се исчистат сите елементи на терористичката организација вовлечена во обидот за воен удар”.

Според Ердоган и други земји се можеби вовлечени во овој обид. Но тој не именуваше ниту една земја.

Воениот удар можеби не е завршен, предупреди Ердоган пет дена по овој обид. Можеби, рече тој, има и други планови. Но и за ова тврдење тој не даде детали.

Конечно, турскиот претседател вети дека “никаков компромис нема да биде направен” кога се работи за демократијата и покрај прогласувањето на вонредна состојба.

“Ние никогаш не сме правеле компромиси со демократијата и тоа никогаш нема да го направиме”, изјави Ердоган и додаде дека вонредната состојба не е против демократијата, законите и слободите. Според него, напротив, оваа вонредна состојба ги зајакнува овие вредности.

Ердоган: Гледајте си ја својата работа

Шефот на турската држава побара вечерва во шефот на француската дипломатија Жан-Марк Ејро да “си ја гледа својата работа”. Оваа забелешка дојде откако Французот ги критикуваше чистките во Турција во кои се уапсени отпуштени илјадници судии, новинари и професори.

“Тој треба да си ја гледа својата работа. Каков авторитет има тој за да дава изјави за мене. Не, тој нема таков авторитет. Ако сака лекција по демократија, ние можеме лесно да му ја оддржиме”, рече Ердоган во интервју на Ал Џазира.

Чистките во Турција ги критикуваше и германската влада но, државниот американски секретар Џон Кери му даде поддршка на Ердоган одбивајќи да го даде својот коментар за последните апсења и отпуштања во Турција.

воен удар воена состојба Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.