НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕРТ: Нимиц во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје

2
By Нова ТВ on January 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посредникот на Обединетите нации во спорот за името на Македонија, Матју Нимиц, има намера во следните десет дена да ги посети Атина и Скопје, за со нив да го разгледа ова прашање, соопшти грчката телевизиа ЕРТ.

Телевизијата притоа забележува дека дипломатот е „оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци“.

-Нимиц посочува дека предлозите што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк на стартот од преговорите се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска република Македонија (БЈРМ).

Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за агенцијата Блумберг изјави дека двете земји имаат реална шанса, веројатно, најдобрата досега, да го решат својот спор за името на Македонија.

– Во Атина и Скопие има политичка волја и верувам дека решението е достижно, изјави Ји.

По минатонеделните рунда обновени преговори во Њујорк, медијаторот во спорот кој трае 26 години, изјави дека на преговарачите им дал нов предлог кој е всушност нова комбинација од неговите стари идеи и дека очекува тие со нивните Влади да го разгледаат, но одби да ја коментира содржината.

– Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока, изјави Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис на 17 јануари.

Преговорите за името во критична фаза, се чека средбата Заев – Ципрас

Во сенка на вчерашниот масовен протест во Солун и најавената прва директна средба на премиерите Алексис Ципрас и Зоран во Давос, преговорите за името навлегуваат во најкритичната фаза, оценуваат денеска медиумите во Грција, пренесува МИА.

„Катимерини“ пишува дека откако посредникот на ОН Метју Нимиц им ги претстави на двете страни своите предлози, се активираа директните политички канали меѓу Атина и Скопје. Најлесниот дел од решението на проблемот, според весникот, сега е изборот на името, а многу потешко ќе биде обезбедувањето внатрешна политичка и јавна поддршка за евентуалниот договор.

„Вима“ објавува дека сите погледи сега се насочени кон средбата Ципрас – Заев во Давос на која се очекува да биде разгледан пакетот на Нимиц. Според владини и дипломатски извори, не е исклучено Ципрас и Заев на 24 јануари во Давос да излезат со заедничко соопштение дека е направен прогрес во решавањето на прашањето за името и оти процесот ќе се води на највисоко политичко ниво.

Грчките медиуми пишуваат и дека пакетот на Нимиц содржи позитивни елементи за Атина. Токму затоа, наведува „Вима“, грчката Влада инсистира на воздржаност и национално единство. Грчките медиуми наведуваат и дека реакциите за предлозите на Нимиц во Скопје се многу умерени. Клучното прашање на кое Скопје е насочено е заштитата на идентитетот. Главен проблем и во двете земји, според аналитичарите и медиумите во Грција, ќе биде да се обезбеди внатрешна политичка поддршка. Во Грција неизвесно е дали ќе има заедничка позиција меѓу владините коалициски партнери и дали Ципрас ќе обезбеди поширока парламентарна поддршка. Во Скопје, пак, Заев се соочува со позициите на претседателот Ѓорге Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и тесното парламентарно мнозинство.

Грчките медиуми денеска се осврнуваат и на наводните пет предлози за името што ги дал Нимиц и во кои, како што посочуваат, без исклучок е содржан терминот „Македонија“. За предлогот „Вардарска Македонија“, што го преферира лидерот на Независни Грци Панос Каменос се оценува дека може да биде неприфатлив бидејќи потсетува на времето кога северниот сосед бил под српска доминација, а е неприфатлив и за Албанците. За предлогот „Северна“ и „Горна Македонија“ се претпоставува дека може да биде неприфатлив за Бугарија која исто така дел од географскиот регион Македонија. Името „Република Македонија (Скопје)“, пак, изгледа неприфатливо за Атина. Како најсоодветен предлог се посочува „Нова Македонија“ кое, како што потсетуваат медиумите, било предлог на првите медијатори Сајрус Венс и Дејвид Овен на почетокот на деведесеттите години.

Проблем ќе претставува и употребата на името и инсистирањето на Грција за „ерга омнес“. Владата во Скопје во моментов ниту го има потребното парламентарно мнозинство, ниту пак јавна поддршка за евентуални уставни измени, пишува Ин.гр.

Владата на Ципрас, како што пишува „Прото тема“, сега е соочена и со „народниот бунт“ во Солун. Весникот наведува дека можноста за политички консензус во Грција за прашањето за името во моментов е минимален.

Под наслов „Гордиевиот јазол“, „Та неа“ коментира дека по вчерашниот протест во Солун премиерот Ципрас е доведен во ситуација да бара решение за проблемот со името во услови на силно јавно несогласување и тешки напади од политичката опозиција, но и од коалицискиот партнер Независни Грци на Панос Каменос.

За протестот во Солун, медиумите во Грција, пишуваат дека е прв поголем собир откако двете земји се согласија да ги интензивираат преговорите за решавање на 25 – годишниот спор за името, но оти бил многу помал од митингот во 1992 година.

Атина името Нимиц посета преговори решение Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.