Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: САД ќе продолжат со санкциите на Балканот

0
By Соња Крамарска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД ќе преземат дополнителни чекори за казнување на корумпираните функционери, изјави заменик-помошникот државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар на настанот посветен на евроатлантската иднина на регионот во Атлантскиот совет во Вашингтон, пренесе Гласот на Америка.

„Не само што е ефективно да се санкционираат поединци, туку ако погледнете дел од она што го објавува Министерството за финансии, ќе ја видите длабочината на корупцијата“, рече Ескобар.

Тој го истакна примерот во Босна и Херцеговина, каде што политичарите активно се координираат и соработуваат со организираните криминални групи.

„И луѓето треба да го знаат тоа. Штом луѓето го знаат ова, лидерите мора да преземат акција за да ги отстранат овие луѓе од одговорните позиции. Треба да ги тргнат од партиските листи. И ова се однесува на сите земји во регионот“, рече тој.

Според Ескобар, корупцијата е закана за демократијата во регионот и мора да се изврши притисок врз лидерите да направат реформи во владеењето на правото неопходни за влез во Европската унија.

„Корупцијата е најголемиот проблем за регионот. Многу е јасно дека најнационалистичките партии во регионот се и најкорумпирани. И тоа е факт. Американската влада не го кажува тоа. Тоа го кажуваат независни организации како Транспаренси Интернешнл и некои наши европски граѓански организации кои постојано го истакнуваат тоа, вклучително и некои многу добри локални граѓански организации“, рече Габриел Ескобар.

балкан Габриел Ескобар Корупција САД санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.