Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ: Потпишавме договори за деловно-техничка соработка со Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје и со АД Скопје Север

0
By Sashko on January 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По донесената Одлука од Владата на Северна Македонија и одобрување на текстот на договорите, АД ЕСМ од 22 јануари 2022 година влезе во привремено управување на Друштвото за производство на топлинска енергија Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје и на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода
АД Скопје Север во стечај.

АД ЕСМ потпиша три договори за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на „Балкан Енерџи“, (Производство, Дистрибуција и Снабдување). Договорот предвидува влегување на АД ЕСМ во раководењето на „Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје“ преку назначување прокуристи, лица вработени во АД ЕСМ, чиј потпис ќе биде врзан со потписот на управителите на друштвото Балкан енерџи. Сите одлуки, договори и плаќања ќе се реализираат со два потписа, односно без согласност на прокуристот од АД ЕСМ, „Балкан енерџи“ нема да смее да врши исплати и да склучува договори, се наведува во соопштението на компанијата.

Средствата кои АД ЕСМ ќе ги добие од Владата на Р. Северна Македонија за
справување со кризата со снабдување со топлинска енергија, велат од компанијата, ќе се уплатуваат повремено, во потребни износи, на наменската сметка која Балкан енерџи ќе ја отвори согласно договорот и од која исплатите ќе се вршат со врзан потпис.

Средствата од шест милиони евра кои наменски се одредени од Владата за справување со кризата со топлинска енергија, согласно договорот ќе бидат искористени за набавка на гас за производство на топлинска енергија во „Балкан енерџи“, за набавка на топлинската енергија која се презема од производителот ТЕ-ТО и за други трошоци исклучиво поврзани со производниот процес. „Балкан енерџи“ секојдневно ќе ги префрла на наменската сметка и сите свои приливи кои му пристигаат на неговите други сметки, посочуваат од ЕСМ.

Додека трае договорот за деловно-техничка соработка, појаснуваат од ЕСМ, „Балкан енерџи“ ќе ги врши исплатите кон трети лица исклучиво преку наменската сметка и со согласност и врзан потпис од прокуристот.

„Балкан енерџи“ гарантира за вложените средства добиени од страна на државата, со меница потпишана од основачот на Балкан енерџи. Враќањето на средствата кон АД ЕСМ ќе се реализира во 2023 година, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за определување на трошоците за грејната сезона, укажуваат од Електрани на Северна Македонија.

ЕСМ се обрза да поднесува месечни финансиски извештаи до Владата за потрошените средства наменети за справување со кризата со топлинска енергија и извештаи за комплетното работење на привременото управување.
Владата го задолжи АД ЕСМ да ја преземе обврската за кризно менаџирање со
снабдувањето со парно греење во градот Скопје со оглед на тоа што АД ЕСМ е
најголема државна енергетска компанија и преку неа може да се управува со
средства од државниот буџет. АД ЕСМ, исто така поседува свој систем за снабдување со топлинска енергија на еден дел од Скопје и оттука располага со ресурси и кадри за да го преземе менаџирањето на целокупното снабдување на градот.

„Целта на воведувањето на кризното менаџирање со снабдувањето со топлинска енергија е да се овозможи парно греење до крајот на грејната сезона, со оглед на тоа што снабдувачите се изјаснија дека немаат средства за набавка на гас за призводство на топлина по екстремниот скок на цената на гасот. Влегувањето на АД ЕСМ и на државата во снабдувањето со гас овозможи да се спречи дополнителено продлабочување на кризата со снабдување и со електрична енергија, со оглед на тоа што во недостиг на парно греење граѓаните би се префрлиле на греење на струја, а со тоа би дошло до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија“, се истакнува во дописот на ЕСМ до медиумите.

БЕГ Влада договори ЕСМ Македонија парно Скопје Скопје Север
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.