Лидерите на Европска унија дадоа „зелено светло“ за продолжување за уште шест месеци на економските санкции кон Русија, што беа воведени поради конфликтот во Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– ЕУ е едногласна за продолжување на економските санкции кон Русија, напиша Туск на Твитер.

Одлуката е донесена на Самитот на ЕУ, што се одржува во Брисел.

Украинскиот претседател Петро Порошенко по одлуката на ЕУ, на Фејсбук напиша дека тоа „е важна политичка одлука“ донесена поради нарушувањето на територијалната целост на Украина и немањето на волја од страна на Русија да стави крај на хибридната агресија кон Украина.