Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Мудроста на Иванов и Собранието се пат за излез од кризата

0
By Светлана Јовановска on March 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2017 19:43

ЕУ не сака да дотура масло на огнот туку сака да ја поттикне стабилноста на Балканот и во Македонија. ЕУ смета на мудроста на претседателот Иванов и капацитетот на Собранието да избере претседател на оваа институција за излез од кризата.

Шефовите на европските дипломатии во Брисел денес ги поддржаа и застанаа зад изјавите на Федерика Могерини кои таа ги даде за време на нејзината посета на Македонија минатата недела. На министерската дебата стана збор и за начинот за излез од кризата во Македонија.

На прашањето на НОВА дали е загрижена за ситуцијата во Македонија, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика одговори:

“Да, загрижена сум но се обидувам да го надминам тоа и да видам каде е потенцијалот за решавање на институционалната и политичка криза. Она низ што Скопје деновиве поминува е се уште институционална криза. Мојот најголем страв е тоа да не прерасне во меѓуетничка криза и тоа основната порака што ја пренесов во земјата кај политичарите: не играјте со оган, не го претворајте ова во етнички конфликт, тоа ќе ја руинира земјата и најверојатно ќе се прошири вон нејзините граници. Верувам дека има инструменти, пред се мудроста на претседателот, капацитетот на Парламентот да избере претседател и да се деблокира ситуацијата. Оваа институционална криза може да се реши со инструментите кои Скопје ги има, без мешање но секако нормално е пријателите да се грижат за состојбата на партнерите. Веруваме дека има можности за решавање на институционалната криза, средства за тоа во Скопје постојат. Имав искрен и конструктивен разговор со сите политички лидери во Парламентот и се надевам дека мудроста ќе победи”, изјави Могерини.

Најголемиот број министри сметаат дека македонските политичари треба да го почитуваат Уставот на Македонија. Според Мирослав Лајчак Ѓорге Иванов самиот побарал да му бидат донесени потписи за мнозинство во Собранието за да може да го даде мандатот за формирање на владата па оттука треба да го даде мандатот на партијата која ги донела потписите.

Лајчак зборуваше и за барањето на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за европска осуда на платформата на албанските партии:

“Имаше министри кои бараа осуда на платформата на албанските партии. Според мене тоа е доста нестандардно и несреќно за земјата некој од надвор да се меша затоа што формирањето на влада е во рацете на домашните политичари. Тој фактор само додатно го искомпликува работите”, изјави Лајчак.

Неговиот хрватски колега Давор Иво Штир додаде дека “во Македонија треба да се сочува стабилноста и како институционално да се дојде до тоа. Беше спомената процедурата на избор на претседателот на Собранието на начин со кој институционално ќе му се пријде на овој проблем. ЕУ не сака да дотура масло на огнот туку сака да поттикне стабилност на Балканот”, изјави Штир.

Западен Балкан

Општиот заклучок од денешната дебата за Балканот е дека “проширувањето треба да биде политички процес а не толку технички како што е сега, ЕУ да престане да се прави дека нуди ЕУ перспектива а земјите на Балканот да престанат да се преправаат дека прават реформи и да станеме сериозни едни кон други”, изјави словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. Според него “понудата на ЕУ за регионот е најдобрата”.

Официјален и пишан заклучок од оваа министерска дебата нема. Заклучокот ќе го донесат лидерите на ЕУ на нивниот самит во четврток. Главно мени на вечерата на лидерите на ЕУ ќе биде токму Балканот.

НОВА успеа да дојде до заклучокот за Балканот што лидерите на ЕУ ќе го објават во петок:

“Европскиот совет дебатираше за ситуацијата на Западниот Балкан и ќе продолжи и понатаму да ја разгледува. Потсетуваме дека и даваме поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан, Европскиот совет подвлекува дека ЕУ останува посветена и ангарижана во овој регион, ја поддржуваме стабилноста и продлабочување на политичките и економски врски со и во овој регион. Во тој контекст Европскиот совет го поздравува одржување на самитот на Западниот Балкан кој ќе се одржи на 12 јули во Трст.

 

Европски Совет ЕУ Иванов криза Македонија Федерика Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.