Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Србија и Косово се на работ на „најопасната криза“ во последната деценија

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 15, 2022 11:16

Србија и Косово се на работ на опасна криза, рече вчера главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, повикувајќи ги двете страни да ги исполнат своите обврски од дијалогот Белград-Приштина, олеснет од ЕУ.

Неговите коментари дојдоа по состаноците во Париз минатата недела меѓу ЕУ, Франција и водачите на Косово и Србија, каде што надежите за трилатерална средба меѓу долгорочните непријатели на крајот не се остварија.

„Многу сме загрижени за ситуацијата на Западен Балкан“, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој се разговараше за ситуацијата во регионот, додавајќи дека „непотребните и контрапродуктивни тензии“ меѓу Косово и Србија „достигнуваат многу, многу опасно ниво“ и го доведуваат регионот и Европа на работ на уште една криза.

Осврнувајќи се на последните тензии, тој зборуваше за најсериозната и најопасната криза во последните десет години и рече дека повлекувањето на Србите од косовските институции создало вакуум.

„Во овој вакуум може да се случи најлошото, така што двете страни треба да покажат поголема флексибилност“, предупреди Борел.

Ситуацијата на север стана понесигурна во последните неколку недели, бидејќи членовите на српската заедница поднесоа оставки од косовските институции како знак на противење на барањето на владата сите автомобили во сопственост на граѓани на Косово да имаат таблички издадени од Косово.

Србија е против ова, бидејќи тие продолжуваат да не ја признаваат независноста на Косово.

„Двете страни треба итно да покажат подготвеност да најдат начин да ги намалат овие тензии. Не е прифатливо ниту една од страните да ги прекршува или игнорира своите обврски од дијалогот“, рече Борел.

„Косовските Срби треба да се вратат во институциите. Косовските власти мора да покажат флексибилност на регистарските таблички и да работат на спроведувањето на договорот за Заедницата на општините со српско мнозинство без одлагање“, додаде тој.

Под притисок на меѓународните фактори,  Приштина во неколку наврати го одложи спроведување на правилото за табличките. Но сега започнува следната фаза од процесот при што оние кои не смениле табличките на своите автомобили, ќе се соочат со парична казна.

Безбедносните аналитичари предупредија на значителна мобилизација на Србите на 21-ви ноември, со планови за таргетирање на испразнетите институции и блокирање патишта. Во меѓувреме, српскиот претседател продолжи да упатува закани за отпор.

Во овој контекст, главниот дипломат на ЕУ Борел најави дека главните преговарачи од Белград и Приштина наскоро ќе отпатуваат во Брисел за неколку часа за да почнат да работат на излез од кризата.

Како прв чекор од овој процес, косовскиот претставник требаше да пристигне на разговори веќе синоќа.

Идејата е да се изнајде решение за овој спор пред 21 ноември, кога Приштина ќе почне да го применува правилото.

„Пораката од Советот е јасна: потребен ни е јасен напредок. Не можеме да го постигнеме овој датум без договор“, предупреди Борел, истакнувајќи колку е опасна ситуацијата.

Неговите коментари доаѓаат во услови на загриженост дека ЕУ нема средства да посредува во договорот по 11 години дијалог со малку конкретни резултати.

„Таму претставивме предлог за кој треба да се разговара како добар излез од оваа ситуација“, рече главниот дипломат на ЕУ, заблагодарувајќи им се на поддршката на Германија и Франција.

Вучиќ рече дека не е оптимист за решавање на кризата. Курти повтори дека Косово никогаш нема да прифати создавање Заедница на српски општини, што Србија го бара. Со тоа би била воспоставена извршна структура, поддржана од Белград, во Косово за етничките Срби кои живеат таму. Приштина тврди дека асоцијацијата може да постои, но не и со извршни овластувања.

Во меѓувреме, косовската претседателка Вјоса Османи закажа за 18 декември  одржување на предвремени избори за градоначалници во четирите општини на север, каде што функциите беа напуштени од претставниците на етничкото српско малцинство.

Османи рече дека ќе побара меѓународни набљудувачи на изборите, додавајќи дека властите „ќе ги преземат сите неопходни мерки со цел граѓаните, без разлика на етничката припадност, да се чувствуваат заштитени, безбедни и да ги извршуваат своите уставни права“.

Извор: ЕУРОАКТИВ

ЕУ Косово криза Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.