Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ тешко до консензус за решение на прашањето со мигрантите до Самитот

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 5, 2018 14:53

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска изразија песимизам за излез од ќорсокакот со реформите што се прелагаат во областа на азилот, со што се намалуваат шансите за изнаоѓање компромис за прашањето до Самитот на Унијата што ќе се оджри кон крајот на овој месец.

Европската комисија предложи промена на правилата за азил во ЕУ уште во 2016 година за да помогне за порамномерна распределба во прифаќањето на бегалците во блокот, откако во 2015 гдина во Европа пристигнаа повеќе од еден милион мигранти.

Реформите беа закочени во врска со задолжителното прераспределување на барателите на азил во ЕУ, со оглед на тоа што на тој чекор остро се спротиставуваат неколку земји членки од Централна и Источна Европа.

Белгискиот државен секретар за азил, Тео Франкен, по состанок посветен на реформата на европската политика за азил наречена „Даблинска регулатива“, изјави дека “реформата на Даблин е мртва“.

Европските министри на состанокот дебатирале за предлогот на бугарското претседателство за реформа на „Даблинската регулатива“, но не било возможно да се дојде ниту до квалификувано мнозинство меѓу земјите членки.

„Даблинската регулатива“ предвидува дека лицето кое бара азил тоа мора да го стори во првата држава на ЕУ во која влегол. Бегалската криза од 2015 година ги обелодени пропустите на оваа политика, бидејќи товарот паѓа врз земјите кои се наоѓаат на надворешните граници на Унијата, како Грција и Италија, а повиците за солидарност меѓу земјите членки останаа неодговерни, поради отпорот, пред сѐ, на новите источноевропски земји членки, кои се категорично против примање бегалци во нивните држави.

Во обид да ги надмине несогласувањата и да го реформира „неодржливиот“ даблински систем, бугарското претседателство предложи реформа на истиот на почетокот на оваа година. Но предлогот ставен на маса од страна на Бугарите не ги задоволува земјите членки, ниту јужно-европските кои се први под удар на бегалските бранови, ниту источните кои се против прифаќањето на бегалци.

Иако многумина во ЕУ се надеваа дека до јуни ќе се изнајде компромис, денешната дискусија покажала дека Унијата е во ќорсокак по ова прашање, уште повеќе со доаѓањето на новата власт во Италија, која е радикално анти-имигрантска и чија изборна програма предвидува, меѓу другото, воопшто да не се спасуваат бегалските бродови на Медитеранот.

Италија, заедно со Германија, Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Чешка, Унгарија и Словачка се изјасниле против бугарскиот предлог. Извори велат дека и Австрија и Холандија се изјасниле против, а се очекува новата словенечка влада да го смени својот став и исто така да се изјасни против.

Без постигнување компромис денеска, иницијативата преминува прво кај претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, кој ќе треба да одлучи како ќе се разговара за оваа тема на следниот самит на шефови и држави на ЕУ на 28 и 29 јуни. Потоа топката преминува кај следното претседателство кое започнува од 1 јули: Австрија.

Но, австриската Влада веќе најави дека нема намера да продолжи да работи на реформата на Даблин. Кон почетокот на јули, земјите членки на ЕУ неформално ќе се состанат во Инсбрук каде треба да разговараат за “новите перспективи“ во дебатата за миграција, со фокус на зајакнувањето на надворешните граници и борбата против нелегалната миграција, но не и за реформата на Даблин.

– Треба да се затворат сите врати, наместо да се дискутира кој во која соба во Европа ќе оди, изјави белгискиот државен секретар алудирајќи на квотите за бегалци во земјите членки, она што е важно е предната и задната врата да бидат затворени, изјави Тео Франкен.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн пред состанокот изхави дека ЕУ ќе излезе од дупката само ако сите сфатар дека е потребен компромис.

– Не мислам дека има реална шанса да постигнеме компромис, изјави австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл. Тој истакна дека е еден од „скептиците“ во врска со преместувањето на кандидатите за азил.

На денешниот состанок не учествуваа германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и неговиот италијански колега Матео Салвини, кој е лидер на антимигрантската партија Лига која е дел од новата италијанска Влада.

Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос изјави дека се уште има „многу време“ за постигнување на договор. Според него нема да има големо значење ако крајниот рок се помести за после јуни.

ЕУ Мигранти реформа Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.