Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУРО 2016:Ќе успее ли Португалија да ја победи Франција по 41 година?

0
By Нова ТВ on July 10, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 10, 2016 17:18

Европското првенство во фудбал вечерва завршува и во последниот натпревар во финалето на Стад де Франс во париското предградие Саинт Денис ќе играат домаќинот Франција и Португалија. Тоа е расплет, не толку квалиtетен, колку неизвесен турнир во кој никој не доминираше.

Во финалето се две, би се рекло, најпрагматични репрезентации кои тактиката и играта знаеја да ја прилагодат во секоја ситуација и двајцата селектори Дидиер Дешампс и Фернандо Сантос заслужуваат пофалби, бидејќи тоа е и нивен допринос на овој исклучителен резултат.

Франција како домаќин на првенството имаше огромен притисок, како што го има и за ова финале. Француската фудбалска и навивачка јавност сепак е уверена дека најтешката пречка е прескокната во полуфиналето, а кога на тоа ќе се додаде фактот дека Франција од Пoртугалија нема изгубеo дури 41 година, а во последните 10 натпревари има исто толку победи, па така на оптимизмот не му се гледа крајот.

Но, финалето е секогаш неизвесно. Секако, на сите во устата им е Роналдо, кој со голот против Велс, уште еднаш прати порака за каков фудбалски „ѕвер“ станува збор. Па така, на ниедна репрезентација не и е лесно да се отвори против соперник какоv што е Португалија со Роналдо.

„Ние сме домаќини и свесни сме дека победата во полуфиналеto против Германија не значи речиси ништо, ако не станеме прваци. Тој притисок го имаме од почетокот на првенството, иако лично тоа би го опишал како голема доза на адреналин кој ме тресе. Полесно ќе ми беше да бидам на терен и да играм таму, а вака само знам дека е овој најважен меч во мојата досегашна тренерска кариера.“, открива францускиот селектор Дешамп, кој како играч беше и светски првак во 1998 година и европски во 2000 година.

Тој додава и дека ако постои „анти – Роналдо план“, никој се уште не го открил целиот рецепт. Тој е врвен играч, можеби и најдобар на светот. „Ќе биде одлично да го неутрализираме, ако ништо друго, битно е да се ограничи неговото влијание“, вели францускиот селектор.

Селекторот на Португалија, Сантос, вели дека е задоволен со фактот што Французите себе си се промовираа како фаворити, па ќе имаат полесна задача во психолошка подготовка.

„Нашиот тим е мешавина од младост и искуство. Нашата младост ќе ни даде непочитување и спортска дрскост, а кога тоа е измешано со искуство кое го имаме и кое е навикнато на победа, тоа би требало да донесе резултат. Мислам дека имаме се што е потребно за да и донесеме голема среќа на нашата земја и на навивачите.“, заклучува португалскиот селектор.

„Многу ми значи финалето со Франција, затоа што тоа е нешто за што долго сонував. Сакам да ја освојам  титулата првак со репрезентацијата, бидејќи тоа веќе го постигнав на клубско и индивидувално ниво. Целата земја стои позади нас и верува дека ние можеме до трофејот.“, изјави Кристијано Роналдо.

#Португалија ЕУРО2016 Роналдо Франција фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.